Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

– За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од набавките и инсталирање на опремата. Првпат ќе лансираме владин центар за одговор на сајбер инциденти. Обично ставам амбициозни рокови,  еве ќе речам, ќе го промовираме во првата половина од 2026 година, рече Андоновски.

Тоа, појасни, ќе биде мониторинг центар за се што се случува во смисла на сајбер сообраќајот во владините институции. – Ќе може рано да интервенираат доколку се случат определени напади и закани. Го дизајниравме со инфраструктура што ќе овозможи ширење, нема да биде огромен на почетокот, но полека полека ќе го збогатуваме со дополнителни инвестиции, истакна Андоновски. 

Реклама

Активностите се реализираат со поддршка од експерти од Велика Британија, САД и Естонија,  преку техничка помош, обуки и подготовка на подзаконски акти. 

– Во наредниот период ќе имаме уште повеќе резултати и во пракса да видиме што ќе изградиме ново, но  секако и во подзаконски акти затоа што се важни и обврските кои ги има приватниот сектор, појасни министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.