Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Прилози

Aндоновски: Mакедонија повторно е на мапата на странски инвеститори, во 2025 очекуваме позитивни поместувања

Трката по профит и корупцијата го уништуваат системот,  особено во дигиталната сфера,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трката по профит и корупцијата го уништуваат системот,  особено во дигиталната сфера, а тоа значи сајбер напади и изгубени податоци на штета на граѓаните. Министерот Андоновски најавува реформа која ќе стави крај на злоупотребите. Со предлог законот, за кој Андонвски се надева дека Собранието ќе го изгласа на почетокот на следната година, се очекува системите во инстуциите да станат имуни на интернет напади.

Но не само во јавниот сектор, не само во државните институции туку сметам како што до денеска приватните компании имаа секоја од нив ангажирано сметководител, или адвокат, сега секоја од нив ќе мора да ангажира ИТ професионалец, или ИТ компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И ако тоа не го направиле досега ќе биде задолжително за да може да се справуваат, со предизвиците за да го направат тоаод денеска па натаму“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Андоновски рече дека освен инвестициите дома, во капитални проекти, Македонија се враќа и на стратегијата за привлекување странски инвестиции. Во 2025 година најави позитивни поместувања, а фокусот ќе биде на американските инвеститори од кои веќе има многу позитивни сигнали. 

Реклама

„Во разговори сме со неколку американски компании јас ќе присуствувам во САД на почетокот на декември, ќе имам уште дополнителни состаноци со американскиот приватен сектор во областа на дигитализацијата на сајбер безбедноста. Македонија повторно ја ставаме на мапа на странските инвеститори и мислам дека ќе има многу позтивни поместувања во 2025 година што се однесува до странските инвестиции кои што треба да дојдат во Македонија, особено американските затоа што кога развивате квалитетен пазар кога се борите против корупција кога создавате систем тоа го препознаваат“, изјави министерот за дигитална трансфорамција Стефан Андоновски.

На конференцијата во организација на Американската стопанска комора, присуствуваа повеќе од 150 учесници од бизнис заедницата, владини институции, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и професионалци од ИТ индустријата.

Љубиша Владимиров