Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Андоновски: Македонија до декември ќе ги исполни условите за „Роаминг како дома“ со ЕУ

Крајот на есента, односно почетокот на јануари примената на вештачката интелегенција ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крајот на есента, односно почетокот на јануари примената на вештачката интелегенција ќе станува секојдневие и во училиштата во руралните средини, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

„Ова е проект што го почнуваме со бритиш коунсил школи на 21 век и ќе започне со реализација јануари 2026 година, затоа што потребни се подготовки со наставниците да можат да го учат кодирањето, примената на кодирањето и алатките на вештачката интелегенција и сајбер безбедност во наставата. Ќе започнеме со работа со наставниците кон крајот на есента, а почетокот на јануари веќе ќе започнеме со работа со училиштата и ќе почнеме токму така од руралните средини.“- изјави Стефан Андоновски.

Во меѓувреме, Албанија доби прв виртуелен Министер во светот создаден од вештачка интелегенција. Колку вештачка интелегенција е застапена во македонската јавна администрација и во владините процеси, Андоновски вели не е често.

Реклама

„Во јавниот сектор се употребува спорадично , според извештаите на државниот завод за ревизија до сега имало десетина проекти со употреба на вештачка интелегенција во јавниот сектор, но тоа навистина не е нешто што е систематско. И јас повеќе претпочитам да тоа навистина се користат алатките на машинско учење на вештачка интелегенција во работата отколку од тоа да се прави само ПР.“- изјави Стефан Андоновски.

Министерот за Дигитална трансформација ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе се одржи во Скопје, на 1 и 2 октомври 2025 година, во Музејот на современата уметност. На самитот се очекува да се усвои и мерката за 0 трошоци за интернет за македонските и граѓаните од Западниот Балкан кога патуваат во ЕУ. Меѓу другото на самитот ќе се презентираат практични примери за како побрзо да се обезбедат помалку шалтери и повеќе онлајн решенија, функционални прекугранични услуги, посилна заштита на личните податоци и мерки за сајбер-безбедност, зајакнување на дигиталните вештини со цел поголема подготвеност за пазарот на труд. Андоновски додаде и дека таканаречената, информациско-комуникациска стратегија е веќе во владина процедура, со очекување дека до крајот на есента ќе помине во Влада. Таа е еден од клучните столбови за воведување на  вештачката интелегенција што значи дека ќе имаме специјален акционен план и рамка за имплементација – прво во јавниот сектор, а потоа и во приватниот.