Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Андоновски – Грикшас: Дигитализацијата како двигател на економски раст и модернизација на јавниот сектор

Дигиталната трансформација и зајакнувањето на соработката во областа на иновациите беа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигиталната трансформација и зајакнувањето на соработката во областа на иновациите беа во фокусот на билатералната средба меѓу министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерот за економија и иновации на Литванија, Едвинас Грикшас, реализирана во рамки на работната посета на Вилнус.

Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација, двајцата соговорници ја истакнале важноста на дигитализацијата како двигател на економскиот раст и разговарале за можностите за продлабочување на соработката преку размена на искуства, знаење и заеднички проекти. 

На средбата било истакнато дека дигитализацијата претставува еден од клучните двигатели на економскиот раст, зголемувањето на конкурентноста и модернизацијата на јавниот сектор. Во тој контекст, двајцата министри разговарале за литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартап-екосистемот, GovTech-решенијата и јавните политики, како важен модел за забрзување на дигиталната трансформација.

Реклама

– Дигиталната трансформација ја гледаме како основа за економски раст, поконкурентни компании и поефикасни институции. Литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартапите, GovTech-решенијата и јавните политики е особено значајно за Македонија, бидејќи ни отвора простор за конкретна соработка, размена на знаење и пилот-проекти што можат да дадат директни резултати за граѓаните и економијата – истакнал министерот Андоновски.

Посебен акцент биле ставен на улогата на Министерството за економија и иновации на Литванија во поддршката на дигиталната економија, иновациската политика и развојот на технолошките компании.

– Министерот Андоновски истакна дека Македонија ја гледа дигиталната трансформација како стратешки процес кој треба да донесе поефикасни јавни услуги, подобро управување со податоци, поголема интероперабилност меѓу институциите и посилна поддршка за иновации и нови технологии – стои во соопштението од МДТ.

На средбата биле разгледани и можностите за конкретна билатерална соработка во областа на GovTech, развој на AI sandbox-модели, како и подготовка на пилот-проекти што би можеле да бидат применливи во Македонија.

– Беше предложена и техничка размена меѓу двете министерства, со фокус на иновациска политика, дигитална економија и практични решенија за дигитализација на јавниот сектор. Двете држави веќе соработуваат во пилотирање на решенија за граѓаните преку проектот GovTech4All и програмата на Дигитална Европа – наведуваат од министерството.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски остварил средба и со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кештутис Будрис.

Како што пренесуваат од министерството, на средбата министерот Андоновски ја истакнал важноста реформските чекори што ги презема Македонија во дигиталната агенда, јавната администрација и развојот на дигиталните услуги да бидат видливи и препознаени во регионалните и европските процеси, вклучително и во контекст на Планот за раст, Реформската агенда и евроинтегарциите.