Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една новина, а тоа е првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

„Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во Македонија и на коишто се прикачени македонски играчи на игри на среќа, знаеме дека се од Македонија затоа што се приклучуваат од македонски адреси и ги трошат своите пари“, појасни Андоновски.

Министерот додаде дека овие портали кои се нелегални, за краток период ќе бидат забранети.

Реклама

„Овие 53 портали се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства, налогот го испративме до АЕК која што во најбрз можен рок, а најдоцна до 7 дена, треба да го препрати до телеком операторите коишто се во Македонија, а тие веднаш да постапат и да ги забранат“, додаде тој.

Андоновски исто така објасни дека ова е само прв налог за забрана на портали, бидејќи овие 53 се најкористените од нашите сограѓани и дека во следниот период ќе следат уште портали. Тој дополни дека проблемот е и во тоа што парите и информациите што ги предаваат граѓаните кон овие портали, немаме информација каде одат, а многу лесно може да се искористат на штета на граѓаните.

„Имаме група на приредувачи на игри на среќа, коишто потекнуваат од Македонија, но веб страниците се регистрирани на некои други домени, односно не се точка мк, туку точка нет, или точка ком и така натаму, знаеме дека се од Македонија и тука веќе имаме опасност затоа што тука може да се крадат средства. Не знаеме воопшто каде одат средствата на граѓаните, не знаеме каде одат нивните лични податоци коишто тие ги ставаат на тие портали. Затоа и ги таргетиравме најкористените портали, а веднаш во следниот период, кога ќе помине оваа прва фаза, подготвуваме втор налог и мислам дека во рок од еден месец, ќе стигнеме и до 160 портали“, заврши Андоновски.