Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација значи помалку бирократија и повеќе доверба

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска порача дека дигиталната трансформација е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска порача дека дигиталната трансформација е директно поврзана со доброто управување, транспарентноста и борбата против корупцијата, нагласувајќи дека јасните, дигитални и следливи процедури го намалуваат просторот за субјективност и коруптивно однесување.

На настанот по повод одбележувањето на Денот на јавната администрација, Министерството за дигитална трансформација го освои првото место за управување со квалитет во јавниот сектор, според Индексот на квалитет за 2025 година.

– Фактот што Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година, по само две години од постоењето, е потврда дека кога институцијата има фокус кон граѓаните, организирани процеси и посветен тим, резултатите стануваат видливи и мерливи – истакна Андоновски.

Реклама

Министерот Андоновски нагласи дека дигиталната трансформација е директно поврзана со доброто управување, транспарентноста и борбата против корупцијата. Според него, кога процедурите се јасни, дигитални и следливи, се намалува просторот за субјективност, непотребно одолговлекување и коруптивно однесување.

-Тоа е суштината на дигиталната трансформација. Не технологија заради технологија, туку подобра јавна услуга. Помалку чекање. Помалку бирократија. Повеќе доверба во институциите. А кога процесите се дигитални, јасни и следливи, се намалува просторот за субјективност, за непотребно одолговлекување и за коруптивно однесување – порача Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска порача дека дигиталната трансформација е директно поврзана со доброто управување, транспарентноста и борбата против корупцијат

Тој посочи дека токму тоа е суштината на дигиталната трансформација — не технологија заради технологија, туку подобра јавна услуга, помалку чекање, помалку бирократија и повеќе доверба во институциите.

Министерот упати благодарност до вработените, нагласувајќи дека наградата е резултат на нивната посветеност и работа.

– Ова е нивна награда. На луѓето кои секојдневно работат со граѓани, со институции, со системи, со проблеми кои често не се гледаат однадвор, но од кои зависи дали една услуга ќе функционира или не – рече Андоновски.

Тој се заблагодари и на Министерството за јавна администрација за спроведувањето на мерењето, оценувајќи дека тие придонесуваат за поголема отчетност и напредок.

– Нашата цел останува иста: институции кои работат побрзо, поефикасно и почесно; услуги кои се креирани околу потребите на граѓаните; и јавна администрација која гради доверба – порача министерот.

Мерењето за 2025 година беше реализирано преку комбиниран пристап, кој ги опфаќа перцепцијата на корисниците и реалното искуство при добивање услуга, при што беа опфатени 10 јавни институции, 627 испитаници и 70 „тајни клиенти“.