Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Aндоновски: Бевме единствена држава од регионот која што немаше закон за Сајбер безбедност

На денешната панел дискусија, во Владата на Македонија, свое обраќање имаше министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната панел дискусија, во Владата на Македонија, свое обраќање имаше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој даде осврт на работата на новоформираното Министерство за дигитална трансформација и проектите кои беа реализирани изминатиов период.

– Прво што се зафативме да работиме е реформската агенда и да покажеме на дело, дека можеме да ја испорачаме домашната задача. Со донесувањето на четирите закони кои произлегоа од министерството за дигитална трансформација, ние успеавме да ослободиме 19 милиони евра од ЕУ, од кои што повеќе од 5 милиони евра се дел од грант, изјави Андоновски.

Тој додаде дека сме биле единствена држава од регионот која што немала Закон за сајбер безбедност, и дека сега го добиваме за прв пат. Во однос на она што е досега направено, истакна дека се преземени конкретни чекори и постигнат е значаен исчекор во дигиталната трансформација.

Реклама

– 120 нови електронски услуги и редизајниран национален портал, отворање на центри за услуги поблиску до граѓаните за да се доближиме и погодностите ги чувствува секој граѓанин од дигитализацијата, приклучени над 20 нови институции на платформата за интероперабилност и секој документ од националниот портал е валиден исто како и хартиените документи. Ова се темелите на дигиталната трансформација, нагласи Андоновски.

Андоновски говореше за горливиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа се нелегалните игри на среќа кои сега веќе се доведуваат во ред, и оние кои се спротивни на Законите, се забрануваат со цел да се заштитат граѓаните од сајбер напади.

– Со одлука на Влада, можеби порадикална, но сепак ги забранивме нелегалните игри на среќа. Со последната одлука, повеќе од 220 страници се забранети и ќе продолжиме во оваа насока, затоа што граѓаните, особено младите треба да бидат заштитени на интернет, рече Андоновски и додаде. Прво ја изработивме националната стратегија за сајбер безбедност кон крајот на 2024 година и потоа веднаш пристапивме кон донесување на првиот Закон за сајбер безбедност, којшто е целосно усогласен со европската регулатива и барањата на нашите НАТО партнери.