Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Андоновска: Со недистанцирање и неизвинување за Тричковски, Филипче се става на негова страна

Со недистанцирање и неизвинување за Тричковски, Филипче се става на негова страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со недистанцирање и неизвинување за Тричковски, Филипче се става на негова страна и на страна на говорот на омраза. Венко Филипче можеше да истапи и да покаже различен и конструктивен пристап. Но тој избра да остане во црнилото на СДСM и да продолжи да јава на бранот на омразата која ја создава оваа партија преку нејзините перјаници како Бранко Тричковски – изјави на денешната прес конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека фактот што Бранко Тричковски отворено повикува на убиство и парчосување на претседателот Мицкоски, а добива публицитет од структури блиски до СДСM, покажува дека партијата со тоа креира паралелен наратив на партискиот во вид на црна кампања.

-Венко Филипче со неосудување на Бранко Тричковски, само покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДСM. Филипче на овие избори нема програма, нема проекти, нема што да зборува пред граѓаните, затоа неговите апологети шират говор на омраза, повикуваат на смрт и убиства. Народот тоа јасно го гледа и жестоко ќе го казни – изјави Андоновска.