Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

Анализа на германската ДРИ: Бугарија на врвот непочитувачи на пресудите од Стразбур

Бугарија ена врвот непочитувачи на пресудите на Европскиот суд на правдата. Втора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија ена врвот непочитувачи на пресудите на Европскиот суд на правдата. Втора потврда од меѓународен фактор за само една седмица. Најновата анализа ја извади „Демокраси репортинг интернешанл“, организација со седиште во Берлин, според која, официјална Софија не спроведува 85 проценти од пресудите од Стразбур. Во овие 85 проценти се и пресудите во полза на  Македонците кои живеат од другата страна на источната граница. ДРИ предупредува дека ваквиот однос на официјална Софија е сериозно загрижувачки.

-Постојаниот недостиг на напредок во спроведувањето на овие пресуди, исто така, предизвикува сериозна загриженост во однос на почитување на принципите на владеењето на правото, во делот на имплементирање на одлуките на судовите, се вели во извештајот на ДРИ.

Во врвот покрај Бугарија е и Романија, со ист процент на неиспочитувани пресуди од судот во Стразбур. Севкупно, анализирајќи ги сите земји опфатени во истражувањето, во 2023-та 44 проценти од пресудите чекаат на исполување. Овој процент е поголем од анализата во 2022-ра и 2021-ра, кога чекале 40, односно 37,5 проценти. Според анализата на ДРИ, судовите во земјите кои не ги почитуваат пресудите од Стразбур, се главните виновници за оваа ситуација.

Реклама

-Уставните судови се предводници во систематското оспорување на авторитетот на Судот на правдата на ЕУ и, некои отворено, а некои подискретно, го попречуваат спроведувањето на пресудите, се вели во ДРИ.

За индиферентниот однос на Бугарија кон пресудите од Стразбур,  говори и последниот последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа, каде се укажува дека официјална Софија се уште не ги спровела пресудите во полза на Македонците таму. А наместо да ги почитува одлуките на судот за човекови права, Бугарија маневрира за да не биде санкционирана.

Инаку, според анализата на „Демокраси репортинг интернешанл“,  Финска е посочена како светол пример, бидејќи има „импресивен напредок“, со расчистување на речиси сите заостанати неспроведени пресуди во текот на 2023 година. Меѓу земјите кои имаат најмалку неимплементирани пресуди на Судот за човекови права се и Данска, Естонија, Луксембург и Шведска.

Матеја Петровски