Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Анализа: Горивата во Македонија до 30% поевтини од соседството

Додека глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтите на Блискиот Исток и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтите на Блискиот Исток и во Украина продолжува да врши притисок врз светските берзи, Македонија се издвојува како земја со најповолни цени на горивата во целиот регион.

Според анализата на „Би-би-си“ на српски јазик, цената на бензинот кај нас е за дури 24 отсто пониска отколку во Србија, додека кај дизелот разликата е уште подрастична – во Србија овој енергенс е поскап за над 30 проценти во однос на македонскиот пазар.

Како дел од мерките за заштита на стандардот на граѓаните, Владата на Македонија донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензинот и дизелот од 18 на 10 проценти.

Реклама

Оваа мерка, која стапи во сила на 23 март, има за цел да го ублажи ценовниот шок, а властите во Скопје најавија дека постои можност за нејзино продолжување доколку состојбата на пазарите остане нестабилна.

Според специјализираната страница „Цена на горива“, Македонија е клучна дестинација за возачите од Србија и Грција токму поради пониските акцизи и државната регулација на цените. За разлика од кај нас, во соседството и регионот генералната слика е ограничувања и пазарни предизвици.