Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Анализа: Дали ќе паѓа дополнително рејтингот на СДСМ по хаосот со документите?

Разликата во поддршка од граѓаните, помеѓу владеачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постојано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разликата во поддршка од граѓаните, помеѓу владеачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постојано се зголемува во корист на опозицијата и тоа уште од 2021та година, односно, по локалните избори – Појаснува професорот Владимир Божиновски, чиј институт ги направи последните анкетни истражувања, кој покажаа дека опозицијата може да очекува двојно водство пред власта на изборите кои следат. Додека пак за хаосот кој што се создаде со личните документи, вели дека ќе има дополнително влијание.

  • „Хаосот кој што се создаде со патните исправи ќе има влијание. Колкаво ќе биде влијанието, ќе видиме на следните испитувања.“ – Вели универзитетскиот професор и аналитичар, Владимир Божиновски.

Во анкетите на инситутот ИПИС, кои ги нарача и објави Македонската радио телевизија, покрај водството на ВМРО-ДПМНЕ од два спрема еден во сите изборни едници, имаше и значаен број на неопределени или испитаници кои одбиле да кажат за кого ќе гласаат. Божиновски вели, тие најчесто се гласови против власта.

  • „Од оние кои што се неопределени или не знаат за кого ќе гласаат, еден дел ќе остане дома, другиот дел ќе гласа , дел за оние кои што ќе сметаат дека е победник, дел ќе гласаат повторно, против власта, односно за опозицијата, без разлика за која партија од опозицијата. И дел ќе гласаат за одредена партија, за која што можеби не им е пријатно да кажат дека се нејзини поддржувачи“ – Појаснува Божиновски.

Алфа ТВ ги пресмета последните анкетни истражувања според донтовиот изборен модел кој се користи во Макеоднија. Според нив, по изборите, ВМРО-ДПМНЕ може да очекува 55 пратеници, СДСМ 27, ДУИ 16 пратеници. Европскиот сојуз за промени 11, Левица 6, новата партија ЗНАМ 3 и алијанса за албанците 2 пратенци.

Реклама

Никола Цветкоски