Праведна и функционална правна држава, конкурентна економија, можности што ги задржуваат младите дома, стабилна демографија, ефикасно и реформирано судство, решителна борба против криминал и корупција, безбедна држава, членство во ЕУ со заштитени национални интереси, активна и влијателна дипломатија. Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ која, според нив, ќе го трасира патот во годините што следат бара силна посветеност да се спроведе на дело.
Експертите кои ја поздравуваат ваквата визија за Македонија сметаат дека владејачката партија во некои области веќе покажала кредибилитет дека може да спроведе реформи, но голем предизвик ќе бидат судството и демографијата.
ВМРО ДПМНЕ објективно во догледен период ќе биде стожерна партија од која ќе зависи движењето на државата, политиките кои се спроведуваат. Покажале дека имаат кредибилитет да спроведуваат реформи, на пример, за економската конкурентност. Ќе мора да покаже дека мора да испорача други витални прашања конкретно, независност на судството и испорачување правда. СДСМ ја земаше оваа темна како нивна, дека тие ќе испорачаат правда, но се виде што направија. Така да, ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да покаже капацитет тука, на овие теми кои биле занемарувани. Ова е една од големите теми, реформи во судството. Друга клучна тема, е демографската. Не само во Македонија, ни во Европа, можеби освен Унгарија еве, успеала да се справи со овие проблеми. Но добро е што сме мотивирани да се изнајде решение… Да видиме што ќе направат, дали ќе се намалат на пример цените на недвижностите, дали ќе биде комбинација на културолошки и економски мерки, кои да видиме дали ќе имаат резултати, вели новинарот и политички аналитичар, Цветин Чилиманов.

Членството во ЕУ како стратешка определба на државава ќе биде еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како владејачката структура и понатаму – но јасно е дека идентиетот мора да биде заштитен, а евроинтеграциите да бидат засновани на заслуги. Според Чилиманов, предизвиците на дипломатијата се големи, но може да се надминат со уверлив пристап на меѓународната сцена.
Гледаме дека за некои теми, имаат кредибилитет, и може да донесат резултати. На пример, економијата, евроинтеграциите, надворешна политика, гледаме дека предизвиците се тешки но имааат огромна поддршка од граѓаните за курсот што го задржуваат, ЕУ, но со почитување на националните интереси. Гледаме, дека ние се трудиме со барањето на гаранциите, и многу од земјите членки ги прифаќаат нашите позиции, еве и Кошта на пример, и предлозите во Советот за квалификувано мнозинство, и Извештајот, првиот кој го издејствуваме, но ете, Бугарија го блокираше… Значи дека ние сме за полноправно членство, но зависи тоа и од ЕУ која има огромни проблеми но нормлано и со Бугарија.. додава Чилиманов.
Сепак, потребно е многу работа, да станеме држава која уверливо ги застапува интересите дома и во светот, градејќи партнерства и меѓународен углед.
За да изградиме праведна и функционална држава, конкурентна економија, да ги задржиме младите дома, да обезбедиме силна демографија, ефикасно судство, безбедност и европска иднина со заштитени национални интереси – потребни се многу работа, упорни реформи и докажани резултати на дело.
