Реклама

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Прилози

Аналитичари:Ахмети и ДУИ се во сериозна криза, очајнички бараат помош на заштита на својот криминал

Единствен начин Али Ахмети да покаже дека нешто прави е да го…

Сподели:

Единствен начин Али Ахмети да покаже дека нешто прави е да го подигнува народот на револт и насилија без да каже кои би биле неговите конкретни чекори ако се врати во власта. Вака дел од политичките аналитичари го коментираат однесувањето на првиот интегративец Ахмети кој месеци наназад не прави ништо друго освен што се заканува со сценарио за дестабилизиација. Политичкиот аналитичар Агим Јонуз вели дека Ахмети застанува во име на целиот албански народ иако дел од Владата е коалицијата Влен, политичка категорија составена од неколку албански партии. Ахмети точно знае што смее да прави, а што не смее, но во оваа очајна состојба не му преостанува ништо друго, повлекува Јонуз.


„Мислам дека ДУИ се соочува со едно поразно резиме дека полека полека ја губи односни ја изгуби моќта и популарноста што ја уживаше и од она што народот во нив веруваше. Што се случува во овој момент. Единствениот начин да Али Ахмети покаже дека нешто прави е да го подига народот на револти и демонстрации, дестабилизации итн.. Не објаснувајќи кои се решенијата. Не е решение тој по секоја цена да се врати во власта, ако се земе во предвид дека Влен е политичка категорија со супстракт од неколку албански партии. Со тоа албанскиот народ е инсалиран и постои во власта, вели Агим Јонуз, политички аналитичар


Дури и ова што се случува со Арбен Таравари, ја покрепува оваа теза, вели аналитичарот. Евентуалната коалиција на Таравари и Ахмети сведочи дека на лидерот на ДУИ му треба помош“, вели Јонуз.

Реклама


„Слушаме дека Таравари преговара, договара со Али Ахмети, тоа покажува дека на Али Ахмети му е потребна помош. Човек што бара помош е во сериозна криза. Тоа не се пакува како помош туку, политички дијалог соработка итн. Ретко кој ја гледа големата слика, а тоа е албанскиот политички акмпус, сите они имаат иста програма, цел и ист пат кон одбраната и афирмацијата на албанската кауза. Се друго се комбинаторики, преструктуирања и една шах партија во која сметам дека се штити исклучиво криминалот и ништо друго, вели Агим Јонуз“, политички аналитичар.


Осуди за заканите, Ахмети доби од премиерот и лидер на ВМРО ДПМЕ Христијан Мицскоки и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Мицкоски посочи дека за жал Али Ахмети изгледа се уште живее во минатото. Заканите на лидерот на ДУИ со кои директно удира по правосудниот систем и се заканува дека ќе извадел народ на улица за протести, ако Обвинителството реши да поднесе обвинение за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за големата трагедија во Кочани, според премиерот Христијан Мицкоски се доказ дека на Ахмети тешко му паѓаат опозициските денови, а со закани се обидува да ги спасува своите соработници кои на грбот на граѓаните станале милионери минативе години. Според Венко Филипче правото на протест не смее да се користи во политички цели. Сепак, тој не исклучува можна соработка со ДУИ на локалните избори. Директна осуда за заканите за дестабилизација упати и Демократскиот сојуз..