Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Аналитичари: Долгогодишната стратегија на Бугарија е да го негира не само македонското малцинство, туку и целата македонска нација

Начини има, потребна е само желба за Бугарија да ги испочитува одлуките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Начини има, потребна е само желба за Бугарија да ги испочитува одлуките за слободно здружување на македонското малцинство. Челниците во Брисел можат да направат реален притисок врз властите во Бугарија – токму нивната земја членка да ги спроведе бројните пресуди на Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа.

  • Ова не е прва победа, претходно имавме 16-тина од овој тип кои биле донесени. Најголем проблем е спроведувањето од Бугарија – земја членка на ЕУ. Е сега останува да видиме дали ЕУ ќе ја притисне да ги спроведе“ рече Ристевски.  

Политичкиот аналитичар Ристевски коментира дека последната одлука од Стразбур е само уште една потврда дека долгогодишната стратегија на официјална Софија не е само непризнавање на македонското малцинство, туку негирање на целата македонска нација.

  • Ова е своевидна долгогошната стратегија на нашиот источен сосед да го негира не само македонското малцинство, туку и на целата македонска нација. Прашање е на време дали прво ќе се избере понормална и демократска власт на изборите кои претстојат кај историчниот сосед следниот месец“ вели Ристевски.

За последната одлука на Советот на Европа реакција стигна и од македонското здружение ОМО „Илинден“ Пирин. Велат дека и се стеснува просторот на Бугарија за маневр и спроведувањето на одлуките од европските институции.

Реклама
  • Комитетот на министри на Советот на Европа „силно ги повикува властите да преземат решителната акција за која Комитетот ги повика во своите претходни одлуки за да се осигура дека секое ново барање за регистрација на здруженијата апликанти или слични здруженија се испитува во целосна согласност со обврската од член 11 од Конвенцијата за заштита правото на слобода на здружување“
  • Времето и просторот за маневрирање на Бугарија завршува. Ако нема регистрации на македонски организации во најскоро време Комитетот на министри треба да започне со казнени процедури. За жал бугарските власти не му оставаат други опции на цивилизираниот свет“ стои во реакцијата на ОМО „Илинден“ Пирин.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својот најнов извештај истакнува дека бугарските власти и по 18 години со неосновани образложенија се мешаат во правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија. Истовремено и даде рок на Бугарија до 16 декември да се рапортира по сите прашања кои се констатирани, бара конкретни резултати од Работната група која била формирана а непризнавањето на македонското малцинство од источниот сосед ќе биде тема на дебата и на состанокот во март идната година.