Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Американската вселенска агенција НАСА прави напори да ги врати астронаутите на површината на Месечината

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, го започна своето ажурирање на почетокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, го започна своето ажурирање на почетокот на декември за напорите на американската вселенска агенција да ги врати астронаутите на Месечината, нагласувајќи ја сложеноста на мисијата Артемис.

((Bill Nelson, NASA Administrator)) ((Mandatory Courtesy: NASA))

„Тоа е најхрабриот, технолошки предизвикувачки, меѓународен обид за соработка што човештвото некогаш го направило“.

Реклама

Артемис 1 беше првиот чекор на НАСА во враќањето на Месечината и беше пробен лет без екипаж кон крајот на 2022 година. Кога вселенското летало Орион на Артемис 1 се врати во атмосферата на Земјата, персоналот на НАСА забележа проблеми со топлинскиот штит на капсулата наменета за заштита на астронаутите внатре, ставајќи ја во сомнеж веродостојноста на вселенското летало и иднината на Артемис.

((Pam Melroy, NASA Deputy Administrator)) (Mandatory Courtesy: NASA))

„Топлина беше акумулирана во надворешниот слој на топлинскиот штит“.

Заменик администраторката на НАСА и поранешна астронаутка Пем Мелрој вели дека во последователната студија на НАСА за проблемот нашла решение, а со тоа, вселенското летало Орион ќе лета во идните мисии.

((Pam Melroy, NASA Deputy Administrator)) ((Mandatory Courtesy: NASA))

„Нашиот тим ја идентификуваше вистинската причина за проблемот со топлинскиот штит на Артемис“.

Првата мисија на Месечината со Артемис 2 првично беше закажана за крајот на 2025 година со орбитирање, но не и да слета на површината на Месечината. Поправањето на проблемите со топлинскиот штит и траекторијата за повторно влегување на вселенското летало Орион сега ја принудува НАСА да го одложи датумот на лансирање на Артемис 2 до април 2026 година. Артемис 3, која планира да приземји астронаути во близина на лунарниот јужен пол, сега е закажана за средината на 2027 година.

((Bill Nelson, NASA Administrator)) ((Mandatory Courtesy: NASA))

„Безбедноста на нашите астронаути е секогаш на прво место во нашите одлуки“.

Администраторот на НАСА Нелсон ја истакна геополитичката важност да се обезбеди дека програмата Артемис може безбедно и сигурно да транспортира астронаути на Месечината пред Кина да го направи тоа до 2030 година.

((Bill Nelson, NASA Administrator)) ((Mandatory Courtesy: NASA))

„Важно е поради областа каде што мислиме дека има потреба, а тоа е јужниот пол, првенствено поради присуството на вода, но и да го воспоставиме нашето присуство таму пред Кина да стапне таму и да ни каже држете се подалеку“.

Нелсон, исто така, ги оправда одлуките за прилагодување на временската рамка на Артемис и покрај промената во претседателската администрација во јануари што може да доведе до дополнителни прилагодувања, истакнувајќи дека ракетите за Артемис 2 веќе се подготвуваат за лансирање.

((Bill Nelson, NASA Administrator)) ((Mandatory Courtesy: NASA))

„Животот на цврстите ракетни засилувачи има одредено дефиниран век. Значи, требаше да ја продолжиме оваа работа за да можеме да останеме на оваа временска линија“.

По лансирањето на Артемис 2, мисијата може да влезе во историјата и со испраќање на првата жена и првата обоена личност околу Месечината. Идните мисии на Артемис сè повеќе ќе вклучуваат опрема од комерцијални компании како Спејс Икс и Блу Ориџин.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон