Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Американската в.д. амбасадорка Варнс во посета на Општина Кисела Вода

Унапредувањето на институционалната соработка и континуираниот развој на локалната самоуправа беа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредувањето на институционалната соработка и континуираниот развој на локалната самоуправа беа во фокусот на денешната средба меѓу градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, во рамки на нејзината посета на општината.

Настанот, соопшти општина Кисела Вода, го потврдува цврстото партнерство и заедничките заложби за креирање модерни услови за живот на граѓаните.

За време на работниот состанок, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги презентираше клучните капитални инвестиции и стратешките приоритети на локалната самоуправа. Посебен акцент беше ставен на инфраструктурниот развој, унапредувањето на општинските услуги, како и на креирањето инклузивни политики кои гарантираат стабилност и просперитет за сите жители на Кисела Вода.

Реклама

-Поддршката од Соединетите Американски Држави е од суштинско значење за јакнење на капацитетите на локалните институции и за спроведување на процесите кои водат кон унапреден животен стандард. Оваа средба е силен мотив за понатамошно продлабочување на нашата соработка, преку размена на добри практики и реализација на проекти кои значат сигурна иднина за нашата заедница – истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Посетата на амбасадорката Варнс е уште еден силен показател за важноста на континуираната комуникација и партнерскиот однос, кои директно придонесуваат кон севкупниот напредок и развој на општината, стои во соопштението.