Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Амбасадорот Жерновски повикан на разговори, внукот на Ахмети ги пакува куферите, Муцунски во обид да стави ред во македонската дипломатија

Престрој во македонската дипломатија. МНР под раководство на Тимчо Муцунски, со серија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Престрој во македонската дипломатија. МНР под раководство на Тимчо Муцунски, со серија решенија, по се изгледа со намера да се санираат штетите предизвикани од работата на претходниот владин состав и да се стави ред во македонската дипломатија.

Одлуките да се повлече внукот на Али Ахмети, Бесијан од дипломатска позиција во Брисел поради сомнеж за сериозен криминал во Македонија, потоа повикувањето дома на консултации на амбасадорот во Романија Андреј Жерновски, како и амбасадорите Весел Мемеди од Италија, Данчо Марковски од Албанија и Љубомир Фрчковски од Обединетите нации, е оправдана одлука на МНР, вели поранешниот Амбасадор, Јован Донев, кој појаснува дека за овие потези може да има многу причини, меѓу кои, проценка на работата и одлука, дали да се предложи до претседателката, со указ да им биде прекинат мандатот .

  • „Од различни причини се повикуваат. Може од политички, може како знак во државата каде е акридетиран, дека не се задоволни од односите со таа државаа, неефикасна работа. Може амбасадорот да го прекршил овластувањето, па да биде вратен. Тоа не е ништо страшно или ништо ново. Министерот секогаш има право да побара објаснување лично од амбасадорот кој што го повикал на консултации и потоа, да направи проценка, дали да го врати назад или да побара од претседателот на државата да го разреши.“ – Вели амбасадорот Јован Донев.

МНР во последниот период повика 4ца амбасадори на рапорт во Скопје, а Жерновски е најновото име на овој список. Тој на амбасадорското место замина од позицијата, заменик министер за надворешни работи. Додека пак внукот на Али Ахмети, Бесијан, по 10 месеци во Белгија, му беше прекинат договорот за прв секретар на македонската амбасада во Брисел, бидејќи заработи кривичина пријава. Кривична пријава оти заедно со брат му Дрин, го оштетиле државниот буџет. За општата сосотјба полна со скандали, во која се наоѓа македонската дипломатија, Амбасадорот Јован Донев, вели дека во изминатитие неколку години, македонското министерство за надворешни работи било сведено на најосновната функција, да ја претставува државата во странство, што било погрешно сфаќање за неговата улога. Донев смета дека помеѓу клучните задолженија на ова министерство, треба да е гарантирање на безбедноста на државата, во соработка со Агенцијата за разузнавање.

Реклама
  • „МНР заедно со Агенцијата за разузнавање се грижат за безбедноста н а државата. Тоа им е основна функција. Првенствена задача. Дипломатските преставништва се само легитимни органи, кои што треба да се грижат за заканите од државата во која се наоѓаат и поттикнување на соработка ако политиката на Македонија со одредени држави е таква.“ – Додава Донев.

Неговиот предлог е помеѓу новните надлежности на министерството за надворешни работи и трговија треба да е строго дефинирање на националните интереси на републиката и изработување на национална стратегија за безбедност, за дипломатите точно да знаат на што треба да работат. Предлага и формирање на научни институти, кои преку темелни анализим, ќе ја „хранат“ макеоднската дипломатија. Донев верува дека преку овие реформски чекори, значајно ќе се унапреди работата на оваа клучна државна институција, како и задоволството и довербата на граѓаните за неа.

Никола Цветкоски