Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Амбасадорот на Казахстан во посета на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Амбасадорот на Република Казахстан во Македонија, Сатилба Буршаков денеска беше во посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Република Казахстан во Македонија, Сатилба Буршаков денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, каде што имаше средба со ректорот Дејан Мираковски и одржа предавање пред студентите.

Амбасадорот Буршаков истакна дека оваа посета на УГД е дел од серијата посети и средби , со цел да се воспостави соработка, а  од која интерес ќе имаат двете држави.

-Казахстан отвори своја Амбасада во Македонија минатата година, ова е моја прва посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а целта на посетата е да ја презентирам мојата земја , Казахстан на младите луѓе, на универзитетот, на студентите. Во иднина да можат универзитетите од Казахстан да соработуваат со УГД, да ја претставуваме надворешната политика на мојата земја, културниот живот, културното наследство, вели Буршаков.

Реклама

Тој додаде дека откако е отворивме новата Амбасада во Скопје, двете земји имаат интензивен дијалог на политичко ниво.

-Имавме работна посета на претседателката Гордана Сиљаноска, која се сретна со нашиот претседател и учествуваше на Астана Интернационалниот форум, посети и соработка имаа и министрите Тимчо Муцунски и Сања Божиновска.Кога станува збор за соработката, наша цел е најмногу економското поле, економската соработка, имаме веќе Меѓувладина комисија за економска и трговска соработка. Во иднина планираме Бизнис форум во Скопје и состанок на Меѓувладината комисија во Казахстан, значи дефинираме заеднички полиња за интерес. За секоја форма на економска соработка сме отворени и ќе ја поддржиме и промовираме, изјави Буршаков.

Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип, Билјана Тодорова истакна дека настанот за Правниот факултет претставува значајна можност за студентите директно од истакнат дипломат да слушнат малку повеќе за современите геополитички процеси , регионалната улога на Казахстан и начинот на кој државата ги гради своите меѓународни партнерства.

– Како факултет силно ја поддржуваме меѓународната соработка, и ваквите гостински предавања придонесуваат кон проширување на академските хоризонти, развивање на критичко однесување на студентите и подобро разбирање на глобалните предизвици, изјави Тодорова.