Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Амбасадорот на Италија Паоло Палминтери во посета на Гостивар

Амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија, Паоло Палминтери, денеска беше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија, Паоло Палминтери, денеска беше во посета на општина Гостивар и се сретна со градоначалникот Ваљбон Лимани.

На средбата амбасадорот Палминтери ја потврди постојаната поддршка на италијанската држава за Македонија и беше потенцирано зајакнувањето на соработката со општина Гостивар. Амбасадорот пројави интерес за придонес во процесот на образованието и вклучување на италијанскиот јазик во училиштата во земјата, како мост на поврзување меѓу двете земји.

Палминтери посочи дека улогата на иселениците кои живеат и работат во Италија е значајна и дека тие станале значаен дел од италијанското општество и даваат голем придонес во економијата, спортот и културата.

Реклама

Домаќинот на средбата, градоначалникот Ваљбон Лимани изрази благодарност за посетата и поддршката од Италија. Во разговорот, тој го информираше амбасадорот за актуелните случувања во општината, функционирањето на администрацијата по последните локални избори и за предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа.

По средбата двајцата оценија дека ова е важен чекор кон продлабочување на меѓуинституционалната соработка и зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.