Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во посета на Општина Кочани

Германската амбасадорка Петра Дрекслер, денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германската амбасадорка Петра Дрекслер, денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата се разговарало за актуелната состојба во Кочани, во пресрет на годишнината од трагичниот пожар во објектот „Пулс“, како и за тековните активности на Општината, предизвиците и можностите за понатамошен развој, информира локалната самоуправа преку соопштение.

Градоначалникот Грозданов ја известил амбасадорката за напорите што ги вложува локалната самоуправа за подобрување на безбедноста, јакнење на капацитетите на службите и за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Реклама

Амбасадорката Дрекслер ја истакнала подготвеноста на Амбасадата на Германија да продолжи со поддршка и помош за Кочани, нагласувајќи дека, во соработка со Делегацијата на Европската Унија и со други дипломатски мисии, ќе се настојува да се одговори на конкретните потреби на заедницата.

Во таа насока е искажана благодарноста од Општина Кочани за досегашната поддршка што Германската амбасада ја обезбедила за Кочани, вклучително и за Доброволното противпожарно друштво – Кочани, преку донации и опрема што значително придонесоа за зајакнување на подготвеноста и капацитетите за справување со пожари и други вонредни состојби. Таа поддршка беше оценета како важен пример за солидарност и конкретна помош на терен, стои во соопштението.

Средбата завршила со заедничка оценка дека соработката меѓу Општина Кочани и меѓународните партнери е од клучно значење за надминување на последиците од трагедиите и за градење побезбедна и поотпорна локална заедница, информира Општината.