Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне

За време на амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2026 година на собраниската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За време на амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2026 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево беше делумно прифатен амандман со кој за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Пратениците поднесоа 203 амандмани, но попладнево неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Разгледувањето на останатите амандмани продолжува утре во 12 часот на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. 

Пратениците од СДСМ со амандман побараа зголемување од 14 милиони денари на Буџетот за Оперативно техничката агенција за нејзино кадровско доекипирање. Оливер Спасовски од СДСМ рече дека доколку не се доекипира ОТА ќе се ограничат нејзините активности, а притоа посочи дека дополнителна причина за амандманот е и Извештајот на Европската комисија. 

Заменик-министерот за финансии Јанкуловски рече дека по направените консултации амандманот би можело делумно да се прифати и буџетот за ОТА, во одредени ставки, да се зголеми за пет милиони денари, што беше прифатливо од предлагачите, пратениците од СДСМ. Тие исто така со амандман побараа зголемување на средства и за инфраструктура на ОТА, но тој не беше прифатен од претставникот на Владата.   

Реклама

Пратеници од СДСМ побараа пренамена на средствата за спортски субвенции од 300 милиони денари за зголемување на буџетот за привлекување на странските директни инвестиции и за индустриските зони. Амандманот не беше прифатен, а заменик-министерот за финасии потенцира дека парите за странски инвестиции во споредба со 2025 се зголемени за една милијарда денари. 

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека пратениците од СДСМ побарале да се скратат пари за субвенции за спорт, наведувајќи во амандманот дека тие се „расфрлани и нискоменливи трансфери“, а неговата колешка Дафина Стојановска рече дека тие биле фрапирани од овој амандман на пратениците од СДСМ бидејќи ние имаме спортисти кои треба да се поддржат и ја претставуваат државата. Стојановска рече дека ние треба да ги зголемиме парите за спортистите и колку клубовите и индивидуалните спортисти се мачат. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека нема сериозна дебата во Комисијата за Буџетот откако пратениците на СДСМ побараа пренамена на 10 милиони денари за унпаредување на деловните работи во Министерството за финансии. Пратеникот Бојан Стојановски рече дека е сигурен дека „некој ги мести пратениците од СДСМ“ со вакви амандмани.  

На почетокот на седницата беа одбиени три амандмани предложени од пратениците од пратеничката група на ДУИ за зголемување на средствата за поголем број вработени од немнозинските заедници во Кабинетот на претседателот на Собранието и во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и за оперативни работи на Комисијата. Амандамните не беа прифатени од претставникот на Владата, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и не беа изгласани од членовите на Комисијата за финансирање.  

Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите. Со реализација на предложениот буџет, според нив, ќе се реализираат потреби и барања на граѓаните бидејќи се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, нови училишта, градинки, развивање на инфраструктурата, дигитализацијата, капиталните инвестиции.

Наспроти нив, опозициските пратеници сметаат дека предложениот буџет е нереален, неразвоен и социјален и нема да го подобри стандардот на граѓаните и услугите од државата. Критикуваа и дека ќе се зголеми јавниот долг и оти се намалени капиталните инвестиции.

Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, вкупните расходи на износ од 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).