Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Аљоша Асановиќ на средба во ФФМ со Масар Омерагиќ и Ѓорги Христов

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и техничкиот директор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов му посакаа добредојде во “Куќа на фудбалот” на Аљоша Асановиќ, легендарниот фудбалер од бронзената генерација (1998) на Хрватска, денес во улога УЕФА консултант задолжен за развој на млади елитни фудбалери.

“Посетата на нашиот пријател Аљоша ја нагласува посветеноста на УЕФА за поддршка на развојот на младите фудбалери, зајакнување на односите со нашиот оддел за младински фудбал и доказ за важноста да се инвестира во младите, осигурувајќи дека ги добиваат правите насоки и можностите за напредок. Ова е, исто така, одлична можност да ги инспирираме нашите фудбалери од Академијата на ФФМ и да ги подобриме нашите програми. Поддршката на УЕФА е непроценлива за развој на оваа категорија фудбалери” вели Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ

„Гледам нови ветришта во македонската куќа, се надевам на блиска соработка наскоро со сите вас, посебно со Ѓорги Христов, затоа што јас знам дека за развој на фудбалот во Македонија е еден од најдобрите. Го запознав претседателот, гледам дека е енергичен, сака напредок во фудбалот и тоа е добар знак за македонскиот фудбал да се крене, бидејќи има таленти. Ова е поднебје каде што има таленти, само треба да се најдат вистинските луѓе за тоа. Убеден сум дека тоа е правиот пат за македонскиот фудбал. Едноставно гледам голема енергија и она што е важно, имате знаење и продолжете понатаму“ вели Аљоша Асановиќ – УЕФА консултант за развој на млади елитни фудбалери

Реклама

„Не случајно Асановиќ е одговорно лице на УЕФА и претседателот Чеферин за помош со неговото знаење и искуство како ние да ги оствариме целите кои ги имаме зацртано, а се многу важни во фудбалот. Јас се чувствувам слободен и нема да се срамам во секој момент да ја побарам помошта од Асановиќ и неговиот тим за се што е поврзано за развој на младите, бидејќи тоа нас ни е клучно. Ќе почнеме од најмладите, од генерацијата 2012. што треба веќе на лето да ја селектираме. Заедно да направиме еден систем кои ќе го следат многу генерации во иднина“ вели Ѓорги Христов – технички директор на ФФМ