Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Алиу: Во секоја здравствена институција има недостиг на персонал, се работи на креирање нови капацитети и хоризонтална мобилност на здравствените работници

Во секоја здравствена институција вклучително и клиниките и болниците, меѓу кои и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во секоја здравствена институција вклучително и клиниките и болниците, меѓу кои и Тетовската клиничка болница има недостиг на човечки капацитети, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу.

– Затоа интензивно ќе работиме, тоа што веќе го најавивме еднаш на прес-конференција и на креирање нови капацитети, но и на оптимизација или хоризонтална мобилност на здравствените работници со цел здравството да се доближи до граѓаните, рече Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства.

Додаде дека целта е граѓаните да не одат за здравствени услуги само во Скопје.