Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство, синдикатот е наш партнер за унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, информираат од Министерството за здравство.

-Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. Паралелно го спроведуваме и процесот за вработување на приватните специјализанти, со кој решаваме децениски егзистенцијален проблем на оваа категорија здравствени работници. Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита е наш партнер со кој со заеднички заложби работиме на унапредување на статусот на секој здравствен работник во државата, истакна министерот Алиу во видео-обраќањето.

Воедно, тој порача дека Владата реализираше значајно зголемување на платите на  здравствените работници, и тоа во износ од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, а за медицинските сестри ова зголемување изнесува дури 6.200 денари. Оваа мерка, додаде, значи суштинско вреднување на трудот на медицинскиот персонал. 

Реклама

Заменик министерот Андовски во своето обраќање посочи дека Министерството за здравство е отворено за соработка со синдикатот.

-Го почитуваме достоинството на докторите и целиот персонал кои се чувари на здравјето на граѓаните. Министерството за здравство е отворено за соработка со синдикатот и заеднички продолжуваме да ги решаваме сите отворени прашања и предизвици, со цел да излезаме во пресрет на здравствените работници и секако на пациентите, рече Андовски.