Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД

Министерот за здравство Азир Алиу побарал да се анализираат податоците поврзани со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу побарал да се анализираат податоците поврзани со случајот со испраќање мозоци на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година. 

– За секој проект да биде почнат, знаете дека има меморандум потпишан од двете страни, најверојатно меѓу институциите, кои ги чуваат тие документи, или Универзитетот, или МАНУ, или Институтот. Ние не сме надлежни за ниедна од овие три институции, надлежно е Министерство за образование и наука. Ние сме надлежни за давање лиценца или дозвола за да увезе материјал или да извезе материјал некоја од институциите и ние се фокусиравме во тој дел – појасни Алиу. 

Министерот за здравство вели дека работната група анализира дали протоколите се запазени во согласност со стариот закон, кој бил важечки пред 30 години бидејќи, како што објаснува, тогаш имало други процедури и МАЛМЕД не постоел посебно, туку бил дел од структурата на Министерството за здравство. 

Реклама

– Мислам дека не треба да брзаме со информации од типот на можни злоупотреби бидејќи лично ако ме прашувате како човек не како министер и како Министерство, ценам дека многу малку има можност за злоупотреби во овој случај затоа што се работи за истражувачки проект помеѓу две земји, а втората земја е САД, која има многу јасно дефинирани протоколи кога се работи за биолошки материјал. Првин треба да го имаме предвид овој факт. Вториот факт што треба да го имаме предвид, што мене лично ми дава комодитет, е дека можеби би имал малку дилеми за злоупотреби бидејќи се работи за Универзитет кој е престижен – вели Алиу. 

Министерот за здравство додава дека и научникот што ги вршел истражувањата е човек што е познат како светски научник.

– И лично тргнувајќи од себе, не би дозволил таа држава, тој Универзитет, таа лабараторија да има злоупотреби за импорт на биолошки материјал, без да има јасно дефинирани протоколи. Но, лично ова е мое мислење – рече Алиу. 

Тој истакна дека од групата бара одговори на прашањата и информации како билошкиот материјал е испратен во САД. Алиу вели дека и според стариот закон до 2018 година, сите материјали, админстративни документи, треба да се чуваат 15 години, а од 2018 година, според ЕУ-директивите, сите документи се чуваат 25 години. Министерот за здравство Алиу вели дека токму поради тоа тој смета дека некоја од институциите може да ги немаат овие документи во архивите.