Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Алиу: Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9 Мај – Денот на Европа, ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар

Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9 Мај – Денот на Европа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9 Мај – Денот на Европа, ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар, најави вечерва министерот за министерот за здравство, Азир Алиу.

Во вечерашнното гостување во гостување на една од националните телевизии потенцираше дека партијата ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар. Тој посочи дека од она што досега е познато, првите двајца луѓе што ќе раководат со ВРЕДИ од позиција на копретседатели на политичката партија се градоначалниците на Општина Чаир и на Општина Тетово, Изет Меџити (Демократско движење) и Билал Касами (Беса). Согласно органограмот, ќе има и двајца заменик-претседатели и секретар, а се работи на дефинирање и на секретаријатите на партијата. Од структурата на Азир Алиу, позицијата заменик-претседател би требало да ја добие пратеничката Мимоза Муса (некогашна Алијанса за Албанците), додека пак политичката партија Алтернатива, од чии редови доаѓа претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, според него, е согласна да ја добие позицијата секретар во ВРЕДИ.

-Ние ќе имаме заменик-претседател на ВРЕДИ. Исто така, Беким Ќоку (Самоопределување) ќе биде заменик-претседател. Значи, двајца. Па, потоа ќе имаме секретар којшто ќе биде од Алтернатива и после ќе имаме структура којашто ќе ја предводат различни луѓе од различни профили, но следиме и сме многу претпазливи за сите пет институции во моментот да имаат по 20 отсто во секој дел од раководството на политичката партија – рече Алиу.

Реклама

На прашањето дали е иронично тоа што промоцијата на политичката партија ВРЕДИ е предвидена за на 9 мај, кога се слави Денот на Европа, во момент кога Македонија е заглавена на европскиот пат, Алиу потенцира дека постојат две причини зошто токму овој датум бил одбран за одржување на првиот конгрес на новата политичка партија. Една од нив, како што рече, е нивната структура и поради наративот што го градат, за кој вели дека е европски, а тие се проевропски политичари.

-Државата не може да кажете дека не е проевропска бидејќи секој закон кај нас никогаш нема да може да помине ни внатре во внатрешните административни процедури, а не, пак, да помине на седница на Влада или во Собрание. Така што, политичките проблеми коишто ги имаме како држава треба на политичко ниво да ги решаваме, но апликативните и административните процедури никој не може да каже за ниедна политичка партија освен Левица дека јавно излегуваат и велат дека се против Европа. Јас други политички партии и други политичари не знам дека постојат – рече Алиу.

Дополнително, вели дека тие и досега често одржувале состаноци со структурата на секоја политичка партија која е дел од ВРЕДИ и дека пред нив ги објаснувале процесите.

-Знаете, ние често имаме состаноци со структурата на секоја политичка партија, сега веќе ќе почнеме после 9 мај и со спојување на тие структури во една заедничка хомогена структура. Нашата работа повеќе објаснува од нашиот политички наратив. За жал, мислам дека во Бугарија овие се осми избори коишто придонесуваат кон спорот што го имаме со нив, а со цел и ние како држава конечно да може да почнеме преговори со ЕУ…Знаете, ние имаме два ресорни министри коишто дневно работат на оваа проблематика и, верувајте, на неделно ниво нѐ брифираат до каде се, до каде е процесот. Ние сме на добар пат и јас сум многу оптимист дека многу брзо ќе ги видиме првите резултати истакна министерот Алиу.