Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Алиу: Отворивме нова амбуланта во Радуша – обезбедуваме подостапна здравствена услуга на примарно ниво

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети селото Радуша во општината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети селото Радуша во општината Сарај, каде повторно е отворена амбуланта. Просторот во кој се наоѓа амбулантата претходно беше запуштен и нефункционален, а сега е целосно обновен, соопшти Министерството за здравство.

-Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата располага со современа опрема и услови достојни за едно модерно здравство на примарно ниво. Горд сум што првпат амбулантата ќе ја води доктор од самото село, тоа е докторот Руфат Ќаили, кој ќе биде тука секојдневно за потребите на граѓаните, истакна Алиу при посетата.

Со овој чекор покрај самото отворање на  здравствена установа, се унапредува достапноста до здравствени услуги, што е во интерес на сите граѓани, наведуваат од Министерството.