Нема повеќе закажување операции со врски. Со нов електронски систем, Министерството за здравство најавува јавна и транспарентна евиденција на закажаните операции. Но, самата најава го отвора прашањето: дали софтверот ќе стави крај на неформалните списоци, телефонските договори и поместувањето термини без јасни правила, или пациентите и понатаму ќе чекаат без да знаат по кој ред и по кои критериуми.
Новиот модул за пациентите ќе овозможи пребарување и приказ преку повеќе комбинирани параметри. Ќе може да се пребарува: „специјалност на лекар“, „хируршка интервенција“, „јавна здравствена установа“, „лекар специјалист“ и „број на пациенти кои чекаат“.
