Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Алиу: Коцкањето е зависност – превенцијата е најефективна за заштита на младите

Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик, а најефективната терапија за зависноста е превенцијата, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање, давајќи поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието. Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик, а најефективната терапија за зависноста е превенцијата, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање, давајќи поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието.

Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што има последици врз поединецот и семејството.

– Не може да зборуваме за коцкањето дека е забава, кога истото станува навика и зависност. Кога влегува во семејството како долг, стрес, вознемирување и кога подмолно се вгнездува во животот на младите уште пред да созреат. Како министер за здравство, имам обврска да кажам дека зависноста е здравствен ризик, а најефективната терапија за неа е превенцијата – порача Алиу.

Реклама

Тој апелираше за поддршка на законските решенија што имаат за цел да го ограничат влијанието на коцкањето врз младите.

– Затоа ја поддржувам секоја законска мерка што ќе ги тргне кладилниците и коцкарниците подалеку од училиштата и што ќе го намали рекламниот притисок врз младите. Ова е битка за менталното здравје, за семејствата и за иднината на децата. Вреди да поставиме граници – истакна министерот.

Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри има за цел да воведе построги правила за функционирање на оваа дејност, со фокус на заштита на младите и намалување на ризиците од зависност.