Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и во сегментот на фармацевтските услуги

Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската комора Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки Џоана Андоноска.

На средбата, Алиу ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата, соопшти Министерството за здравство.

– Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување нови методи во јавните здравствени установи, како и нови услуги во аптеките. Исто така, посветено работиме на дигитализацијата во здравството и еден од приоритетите во следниот период ќе биде интензивирање на овие процеси и во сегментот на фармацевтските услуги и развој на институционалната поддршка за зајакнување на професионалната комуникација меѓу фармацевтите и матичните лекари, порача министерот Алиу.

Реклама

Активно се работи и на проширувањето на позитивната листа од тимовите на Министерството за здравство, Комисијата за позитивна листа која ги разгледува и оценува апликациите од фармацевтските компании, како и Фондот за здравствено осигурување. Неодамна беше промовиран и нов модул за електронско поднесување барање за лек на позитивна листа, со кој ја започнавме дигитализацијата на постапката за ставање нов лек на позитивната листа, стои во соопштението од Министерството.