Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Алиу: Ќе ги анализираме информации за мозоците испратени од Македонија во САД

Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“. Ќе се проверуваат сите информации и податоци за наводите поврзани со испраќање човечки мозоци од Македонија во Соединетите Држави. Ќе се чешла дали имало соодветна документација, дали се барала согласност од семејствата, дали е почитувана правната рамка и етичката димензија.

Ресорниот министер вели дека многу скоро ќе се знае што точно се случувало во период од две децении, од 1994-та до 2015-та година, кога соработката со Универзитетот Колумбија прекинала.

“Формиравме работна група која ќе го следи административниот дел за временскиот период кој е таму дефиниран, дали имало некаков документ или не во министерството или некој меморандум за научни истражувања или за клинички истражувања и анализи.Верувам дека за кратко време ќе ме информираат  од различните департменти дали имало или немало таква активност. Засега се е шпеклуации и информации што ги слушаме насекаде“, изјави за Коха, Азир Алиу, министер за здравство.

Реклама

Од друга страна во Јавното Обвинителство засега молк. Алфа праша дали ќе биде покрената истрага по допрен глас, но засега не добивме никаков одговор, и покрај јавниот интерес и сериозноста на наводите.

Она што е познато досега, е дека три државни психијатриски болници – Бардовци, Демир Хисар и Негорци биле дел од проектот „извоз на мозоци за научни цели“.

Овие институции досега не објасниле каква била нивната конкретна улога, што точно опфаќала соработката и како бил евидентиран извозот на органи од починати пациенти.

Инаку македонски патолози и форензичари со години соработувале со Универзитетот Колумбија во Њујорк. Во рамки на таа соработка, тие развиле нов метод за анализа на мозочно ткиво, наречен „нео-Голџи“.

Овој метод е опишан во научен труд од 2013 година, потпишан и од професорите Алексеј Дума, Горазд Росоклија и Ендру Џеј Диворк. Трудот е објавен и во универзитетски билтен на УГД „Гоце Делчев“ – Штип.

Во трудот се наведува дека со методот биле обработени 220 примероци од мозочно ткиво од над 175 човечки обдукции. Според еден од авторите, професор Росоклија, мозоците потекнувале од заедничка збирка на македонски и њујоршки психијатриски институти, најчесто од лица со психијатриски заболувања.

Причините за смртта биле различни – самоубиства, убиства, несреќи, давења, труења, срцев удар, како и неколку случаи на тешки болести.

Сепак, останува нејасно дали овие мозочни ткива потекнуваат од Македонија или од САД, бидејќи збирката се води како заедничка, а официјални информации за соработката речиси и да нема.

Целиот скандал изби откако во документите поврзани со Џефри Епстин кои ги објави американското Министерство за правда беше спомната соработката на негова фондација со универзитетот Колумбија кој користел мозоци од увоз од, како што стои, „малата балканска земја“ Македонија.

„Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по вадењето и се транспортираат над седум и пол илјади километри во специјални кутии, под надзор, за да завршат во црни кутии со големина на кутии за чевли, обележани со QR кодови. Внатре има исечени парчиња розово ткиво во пластични кеси, обележани со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање“, се наведува во текстот објавен како дел од документите на Епстин.