Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

АЛФА ТВ на терен со полицајците: Најмногу казни напишани за непрописно паркирање

Неколку минути по 18 часот. Во централното градско подрачје веќе се зголемува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


Неколку минути по 18 часот. Во централното градско подрачје веќе се зголемува сообраќајниот метеж, а се зголемува и бројот на полициските патроли на терен.. Љубомир Путиќ и Анди Исеини се полициската екипа која е со насоки да постапува на улицата Орце Николов.

Најчестиот прекршок што го прават граѓаните е непрописно запирање и паркирање, односно секој застанува каде има потреба да заврши работа, без да води грижа дали тоа го прави според законските норми.

  • „Највоочени прекршоци се за непрописно запирање и паркирање, кога се управува моторно возило се користи телефон, но ги има и оние потешки прекршоци како управување на моторно возило под дејство на алкохол..“ вели Петко Бишковски Виш инспектор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај.

Полициските службеници при секое застанато возило ги поздравуваат граѓаните. На себе носат камера што снима и си ја вршат задачата за која се поставени, но не ретко кога возачите прават прекршок, виновна им е полицијата и за тоа влегуваат во вербална расправија.

Реклама
  • Полицијаците од Одделението за безбедност на патниот сообраќај знаат што да си преземат и во однос на тоа, но граѓаните претежно не ја признаваат вината. Дел нормално ќе се побунат, но затоа се и тие камери во тој дел ќе придонесат за граѓаните кои бараат поголема безбедност во сообраќајот…“ вели Петко БишковскиВиш инспектор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај.

Намерата не е да се казнуваат сите граѓани, туку тие кои не ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, вели инспекторот Бишковски од Одделението за безбедност на патниот сообраќај. Само така, бројот на жртви од сообраќајни незгоди ќе го сведеме на минумум.

Истовремено додека една екипа беше пред Генерал-Штабот во центарот на градот, полициски патроли имаше низ цело Скопје.

  • „По најмалку една полициска патрола од Одделението за безбедност на патниот сообраќај има поставено во секој скопска општина. Од таму апелираат да се почитуваат сообраќајните прописи пред се заради својата лична безбедност.“

    – „Кога ќе ги почитуваат сите прописи, ќе се заштитат себеси, безбедноста на другите а со тоа ќе се намалат и жртвите кои ги имаме во сообраќајот“
    апелира БишковскиВиш инспектор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај.

За периодот од неколку часа додека екипата на телевизија Алфа беше присустна со дежурните полицајци, казна не доби ниту еден возач. Но, вообичаено не е така. Во декември минатата година сообраќајната полиција на СВР Скопје има изречено 5367 прекршочно платни налози, од кои најмногу се за непрописно паркирани возила 2018. Со прекорачена брзина над дозволената биле фатени 667 возачи, алкохолизирани 250, а 118 поминале на црвено. Нешто над 220 не носеле појас, а речиси ист број зборувале на телефон што е недозволено кога се вози. Дури 37 не им дале предност иако имале првенство во минување пешаците, кои пак сториле 76 прекршоци. На годишно ниво пак се бележат околу 60 илјади.

СВР Скопје има издадено 5367 прекршочно платни налози, од кои:

-Непрописно паркирани возила 2018

-Прекорачена Брзина над дозволената 667

-Под дејство на Алкохол 250

-Поминување на црвено светло 118

-Некористњње на сигурносен појас 233

-Користење на мобилен телефот 226

-Прекршоци што ги чинат пешаците 76

-Непрописно престројување 72

-Недавање првенство на мунување на пешаците 37

-Затемните стакла 8

-Непрописно престројување 19