Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Алфа сторија за надежта и безграничната родителска љубов

Силен стисок на рака,посилен од секој изречен збор. Очи полни солзи, поглед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силен стисок на рака,посилен од секој изречен збор. Очи полни солзи, поглед кој искажува неизмерна благодарност- Божиќните ѕвона ја пробудија изгубената надеж, на охридското семејство Лазарески. Тие се молам за здравјето на нивниот 11 годишен син Борче кој има вродена срцева аномалија.

 Боли мајчиниот лелек за момчето чии чекори се се’ потешки,не може со леснотија и безгрижно да претрча преку куќниот праг, бидејќи како што расте,симптомите на срцевото заболување се се ‘ посериозни. Тешко е да се биде мајка на чедо кое не знае што ќе му донесе утрешнината-вели 41 годишната Сања која е телесен инвалид, исто како и нејзиниот сопруг Перо кој работи како таксист, а она што ќе ги спечали е единствениот прилив на сретства во касата на ова скромно семејство.

  • 200 денари на ден.Колку Ви стигаат тие пари? Само за децава.И тоа само за основни намирници? Само за леб.Ништо,ништо не земаме од државата.Имате поднесено за социјална помош? Порано,ама не одбија-вели Сања Лазареска.

Едвај врзуваме крај со крај, вели Перо и извади од џебот 140 денари,еве вели колку пари денес донесов дома.Месечно заработувам околу 6.000 денари,раскажува,а тоа не стигнува за да се подмират давачките и да се прехранат 5-те гладните усти,оти покрај Борче, тие имаат уште две деца-14 годишна ќерка и 18 годишен син.

Реклама

На 23-ти овој месец Борче го чека уште една контрола, доколку е потребно да се направи операција, без размислување ќе го продадеме станот во кој живееме и ќе останеме без покрив над глава-вели Перо, чии зборови како камења паѓаат од душа.

  • Имало моменти, се случувало кога треба да одиме на контрола или во болница да го носиме, да немаме дома да јадеме леб.Ама јас ако треба место 10 часа, 15 ќе работам, ама другите деца да не го почувствуваат тоа.Тие се премногу скромни, особено ова дете што е со здравствен проблем,немам збор за него тој и на чоколадо од 20,30 денари е преблагодарен-вели Перо Лазарески.

Свиен за мајчините раце,Борче не испрати со широка насмевка и топли детски очи.Ведрите насмеани лица на 3 –те деца и даваат поттик Сања да ја подготви скромната божиќна трпеза.

 Лазарески не испратија со зборовите : “ Ви Благодараме, Бог само убавини да ви даде “.

Охриѓани покажаа дека имаат благородна душа,да му помогнеме на Борче да ја извојува животната битка и со смеа и радост,миговите да ги поминува опкружен со врсниците,оти парите не го чинат човека богат- туку племенитото срце.

Трансакциона сметка:500600020008381

Росица Голабоска