Реклама

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Прилози

Алфа сторија – со години работи во државна фирма, а моли за здравствено осигурување да се спаси од канцер

Пет години работи тешка физичка работа в планина. Како вработен во ЈП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет години работи тешка физичка работа в планина. Како вработен во ЈП „Македонски шуми“, сече и товара трупци. А веќе осум месеци се бори и со дијагностицираниот рак на простата, но сепак продолжува да оди и на работа за која нема здравствено осигурување, а кое е сега му е насушно потребно. Ова е накратко болната приказна на 54-годишниот ресенчанец Корун Кукуловски, кој од ноември наваму се снаоѓа како знае и умее за да си го спаси животот.

  • „Ми препорача доктор Дончев од Скопје едни инекции, девет ги купив од Грција околу 1.000 евра. Ги ставав шест недели по една неделно, па шест недели не ставав, сега три недели ставав пак и сега ми рече после две недели да дојдиш Скопје. И сега, кога отидов Скопје во средата, ме упати докторот кај што треба да ме снимаат. Ми викаат – ти немаш осигурување, како ќе закажеме термини? Не можеме ништо.“ , – ни рече ресенчанецот Корун Кукуловски.

Кукуловски вели дека тој е само еден од вработените во ЈП „Македонски шуми“ кои се соочуваат со вакви проблеми, бидејќи платите се земаат нередовно, придонесите не се платени којзнае од кога, а вработените, речиси сите се веќе возрасни. Нему засега финансиски му помагаат роднинините, а вели, ја употребил и малата заштеда што ја имал од производството на јаболка. Но се плаши што ќе биде понатаму, зашто јасно му е дека ќе мора чарето да си го бара приватно. А за тоа ќе требаат пари, разаочарано коментира Корун.

  • „Имав трошка јаболка, нешто брат ми, има неколку крави, внукот игра ракомет, ми помага и тој, ме носи Скопје, ваму-таму, по доктори. Сега барам, осигурување да имам за да ја направам таа некоја 5-џи снимка, а такви имало само две во Македонија, ми се чини дека ми рекоа во Државна болница, а вчера некои ми рекоа- не е во „Мајка Тереза“, таа е во „8-ми Септември“, – објаснува Кукулувски.

  Во меѓувреме, додека трае борбата за живот на овој човек, а за кого од ресенчани слушнавме дека е многу омилен помеѓу своите сограѓани, веќе започнале да се собираат и донации за да може приватно да го продолжи лекувањето.

Реклама

Инаку, колку за потсетување, ЈП „Македонски шуми“ кое инаку е загубар, посебно актуелно стана кон крајот од минатата година и на само еден месец пред формирањето на Техничката влада, со распишувањето на огласите за вработување на дури 355 нови лица, каде главен критериум беше етничката припадност. Тогашната опозиција обвини дека СДСМ и ДУИ си ја полнат државната и јавна администрација, вдомувајќи партиски послушници, иако станувало збор за загубар кој преживува со позајмици, а платите и придонесите доцнат со месеци. Ова беше и причината што во март беа организирани и штрајкови во сите подружници на ЈП, по што дури деновиве била исплатена мартовската плата.

Каролина Дурло