Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Алфа репортажа: Под специјални протоколи први гласаа заразените од Ковид 19 и лицата во изолација

Со гласање на заразените од коронавирусот и луѓето во изолација, без класичните…

Сподели:

Со гласање на заразените од коронавирусот и луѓето во изолација, без класичните паравани, но со почитување на сите строги препораки за заштита, денеска во Македонија започнаа изборите во ек на пандемија од Ковид 19.

Овие предвремени парламентарни избори се поразлични од сите претходни.

Во ек на пандемија од коронавирус со скафандери и целосна заштитна опрема се спроведува гласањето за овие предвремени парламентарни избори, на кои за прв пат ќе се гласа три дена. Денеска на првиот ден, гласаат заразените од коронавирусот и оние кои што се во изолација.

Реклама

Денешното гласање го спроведуваат избирачки одбори составени од медицински лица, а асистенција имаа и од полицијата.

Екипата на Алфа, заедно со избирачкиот одбор и полицајците посети неколку домови во скопски Карпош, каде гласаат заразени и лица во изолација. За разлика од класичното гласање, денеска ливчето наместо директно во кутијата, прво се ставаше во плико, па потоа во гласачката кутија.

Оние кои гласаа ги почитуваа сите препораки, на лицето имаа маска, на рацете ракавици. Додека пак другите луѓе помалку зачудено ги гледаа членовите на избирачките одбори, облечени со целата заштитна опрема, дел поставија и малку чудни прашања.

-Луѓе ние нешто заразени да не сме?

-Не чекаме ние, за гласање чекаме

Пред камерата на Алфа, Пандора Додевска, која е претседателка на избирачкиот одбор кој го спроведува денешното гласање во Карпош, вели дека се почитуваат препораките и дека гласањето се одвива во најдобар ред.

-Гласачите ги почитуваат протоколите кои што се дадени, сите се секогаш обезбедени со маска ракавици пред да започне гласањето, имаме одлична соработка со МВР. Се си оди по функција, се покажуваат лични карти, најчесто правиме ако се во куќа да биде тоа во двор, нели да ги запазиме мерките на безбедност. Во суштина гласањето сега засега оди во најдобар ред, по протоколи, правила, прописи, си функционира се во најдобар ред, изјави Додевска.

Сепак вели не им сеедно што учествуваат во гласањето во ек на пандемија, страв постои и кај нив.

-(ПРАШАЊЕ: Дали ви е страв поради пандемијата во овие услови што одите на гласање?) Па се разбира, во ваква ситуација сите имаме некој страв, сепак сме луѓе. Меѓутоа сме доволно заштитени, имаме доволно опрема, самите си запазуваме, вршиме редовна дезинфекција, менуваме постојано опрема. Така да се надевам дека ќе останеме заштитени, изјави Додевска.

Денеска гласаат вкупно 706 заразени и лица во изолација, кои имаа право да се пријават во Државната изборна комисија до пред пет дена.

Матеја Петровски