Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието- не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“

Како Артан Груби може да е осомничен, а Димитар Ковачевски како негов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како Артан Груби може да е осомничен, а Димитар Ковачевски како негов шеф кој на дневен ред ги ставил точките поврзани со аферата „Лотарија“, да не е? Поранешниот премиер сега пратеник, денеска прв пат – откако и за него МВР поднесе кривична пријава – се појави во јавност. Претходните денови не ни одговараше на телефонските повици на Алфа. Денеска дојде на седница во Собрание, но не можеше да ги избегне новинарските екипи. Не се чувствува виновен за тоа што го откри МВР. Вели никогаш не го прекршил законот – ниту како претседател на Владата, ниту кога бил на позицијата заменик министер за финансии.

-(Сепак вие бевте претседател на Владата, дали ви е страв од можна кривична одговорност бидејќи во вашиот мандат беа овие договори кои што сега се дел од кривична постапка?) Јас ви кажав дека целото работење е достапно на институциите, сепак седниците на Влада се колективни тела, каде што се носат одлуки и тие се носат согласно законите на Република Северна Македонија и уште еднаш ви повторувам дека на ниту еден начин немам учествувано како претседател на Влада, во работењето на јавните претпријатија и Акционерските друштва во државна сопственост (Како Груби е осомничен, а неговиот шеф не е?) Ви благодарам…, кажа Ковачевски заминувајќи.

Откако од МВР заработи кривична пријава, вели не знаел ништо повеќе од она што сите сме го слушнале. Се надева дека надлежните професионално ќе си ја завршат својата задача.

Реклама

-Секако дека работењето треба да биде на увид на сите институции, тоа е прво. Второ во однос на информациите кои што беа пласирани во јавноста, тие си информациите со кои што и јас единствено располагам, бидејќи не сум бил контактиран од институциите, се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин, така како што треба, изјави Ковачевски.

Според кривичната пријава од МВР, Ковачевски по претходен договор со поранешниот директор на Лотарија Прпарим Бајрами, на владината седнива ја ставил на дневен ред точката и усвои постапка за основање на трговското друштво „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје“, иако знаел дека материјалите не се разгледуваат на седница согласно Деловник за работа на Владата. Со ова овозможил друштвото да стекне право да приредува игри на среќа без лиценца и на одговорните лица им овозможил противправна имотна корист од речиси милион и 400 илјади евра.

Матеја Петровски