Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

АЛФА ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ преговараат со четворица пратеници на „Европскиот фронт“ на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ преговараат со четири пратеници од коалицијата на ДУИ, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ преговараат со четири пратеници од коалицијата на ДУИ, да преминат на нивна страна, открива за Алфа првиот човек на Демократско движење, Изет Меџити. Трансферот би требало да се случи уште пред формирањето на новата Влада, а потоа според него, можно и други пратеници од Европскиот фронт да се приклучат кон новата власт.

-Има информации дека четворица други од Европскиот фронт веќе преговараат, некои со нас, некои со другата коалиција, така да може да паднат и на 13, пред формирање на Владата. По формирање на Владата може да се преполови бројката пак во Европскиот фронт, бидејќи тие не се идеолошки поврзани, немаат ништо заедничко, изјави Меџити.

Можноста за преминување на пратеници од Европскиот фронт на другата страна е и повеќе од логична, бидејќи од 19-те пратеници кои засега ги има коалицијата на ДУИ, дури девет се од други партии.

Реклама

Договорот за формирање Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ е се поблиску. Меџити вели дека во моментов се договораат темелните вредности на кои ќе работи новата Влада, а за поделбата на ресорите ќе се зборува подоцна.

-И коалицијата „Влен“ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, во принцип ги делат истите вредности, истите принципи за новата Влада, борба против корупцијата, враќање на правната држава. Фокусот ќе биде на економскиот развој и животниот на граѓаните, изјави Меџити.

Коалицијата „Вреди“ сега ретерира – нема да инстира на уставни измени по секоја цена како што најавуваше пред изборите. Изет Меџити вели дека ќе се внимава на чувствата на Македонците и ќе се бараат гаранции од Европската Унија за сигурна интеграција на Македонија.

-Измените зависат првично од поголемата заедница, т.е. од Македонците во оваа држава. Ние во ниеден случај не сакаме да се чувствуваат загрозени, оставени сами на себе. Напротив, сакаме заедно да најдеме заеднички пат кон интеграција, која што е единствена аспирација за сите граѓани на државата, изјави Меџити.

Во моментов коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 58, а „Вреди“ има 13. Бројките може да се зголемат за два пратеника со прегласувањето но и за уште најмалку 4 со евентуалното преминување од коалициите предводени од ДУИ но и СДСМ.

Матеја Петровски