Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Бизнисот трпи милионски штети поради „африканска чума“

Во милиони изнесуваат  штетите кои африканската чума ги предизвика врз бизнисот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во милиони изнесуваат  штетите кои африканската чума ги предизвика врз бизнисот со свинско месо. Неконтролираното ширење на вирусот во изминатиот период ги испразни фармите, посебно во источниот регион на државата. Поради уништувањето на свињите веќе се чувствува недостаток од свинско месо, а обновувањето на фармите оди бавно и тешко.

  „Најмногу „удри„ на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па и кај нас Штип и Карбинци. Овде се наоѓа и најголемата фарма, која задоволуваше 20% од потребите на свинско месо во целата држава и затоа имаме недостаток од свежо свинско месо. Сега ги чистиме фармите за да ги обновиме, ама тоа оди бавно и тешко„ вели Гоце Сарафимов од Асоцијацијата на земјоделци.

Свињарското производство е многу важна гранка  и проблемот со африканската чума мора да се надмине, децидни се одгледувачите. Потребна е поголема едукација и јакнење на биосигурносните мерки во одгледувалиштата, но и намалување на бројот на диви свињи кои ја шират заразата.

Реклама

   „Приоритет би било во овој момент државата да преземе максимални активности. Да се подигнат стандардите за одгледување , да помогне на индивидуалните сточари. Исто битен фактор е да се контролира и да биде дозволен ловот на дивата свиња и да се сведе на биолошки минимум„ потенцира Ѓорги Каракашев од Мрежата на индивидуални земјоделци.

За две години во источниот регион се еутанизирани повеќе од 12 и пол илјади грла. Дел од нив заразени свињи, но другите се нештетно уништени само како превентивна мерка за да се спречи ширењето на заразата

Александра Ристеска