Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Албанската царина благодарна за разбирањето на македонските власти за дозволата камионите да минуваат преку Блато

Генералниот директор на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, информира дека сè…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот директор на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, информира дека сè додека не се подобри состојбата на патниот правец граничен премин Ќафасан – Елбасан, делница Либражд – Прењас, одлучено е да се користат алтернативни гранични премини.

– Стоката што влегува на албанска од македонска територија или од други земји преку овој премин ќе се обработува преку царинската филијала на граничниот премин Блато кај Дебар. Преземени се сите потребни мерки за задоволување на логистичките потреби и зголемување на царинскиот персонал, со цел справување со зголемениот проток и што побрзо завршување на царинските процедури – рече Беја.

Тој нагласи дека, по контактите со надлежните македонски власти, наишле на целосно разбирање за решавање на ситуацијата. 

Реклама

– Голема благодарност до македонските власти за разбирањето во врска со надминувањето на ситуација. Сакам да напоменам дека македонската страна ќе дозволи премин на натоварени камиони или приколки во контролниот пункт Блато од 12 до 22 часот секој ден, а нетоварени камиони ќе може да циркулираат 24 часа. На овој царински пункт македонската страна не дозволува премин на прехранбени производи од животинско потекло и нафтени производи, категории што мора да поминат низ Косово – нагласи Беја.

Посочи дека камионите што веќе влегле на царинската територија на Република Албанија, царинети или под режим на внатрешен транзит преку царинската филијала „Ќафасан“ кај Струга, мора повторно да излезат од оваа филијала и да влезат преку Блато.

Понуденото техничко решение се состои од користење на националниот режим на надворешен транзит, во согласност со Царинскиот закон на Република Албанија. Овој режим овозможува транзит на стока од една царинска точка до друга минувајќи низ територија надвор од царинската територија на Албанија.

Според Беја, ова решение е договорено и со македонската страна.

Поради големо свлечиште и оштетувања на коловозот, како и оштетувања и поместување на мостот на делницата Либражд – Прењас, кои се дел од Коридорот VIII, сообраќајот од Ќафасан кон Албанија е блокиран од неделата поради што голем број камиони се заглавени на преминот.