Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Алатката на ДУИ за полнење на институциите со партиски кадри, дефинитивно падна на Уставен суд

Уставните судии го укинаа балансерот – алатката според која единствен критериум за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставните судии го укинаа балансерот – алатката според која единствен критериум за вработување во државната администрација беше етничката припадност. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски на исцрпната пресконференција острo ги отфрли обвинувањата во јавноста дека Уставен носи исполитизирани и етнизирани одлуки. Костадиновски апелира оваа одлука нека биде старт на владеење на првото, а не почеток на дестабилизацијата на државара. Тој апелираше до политичарите она за што јавно се залагаат, да го докажат и со своето однесување и постапки.

ЈАвната администрација е рбетот на државата, а на сите ни е познато каква е реалноста со државната и јавната администрација, вели претсеателот на Уставен. Тој појасни дека на граѓаните не им е важно каква етничка припадност имаат вработените во администрацијата, туку нивна стручност и компетентност при пружањето на услугите.

Изминатите денови врие во политичкиот блок  во врска со укинувањето на балансерот. Според ДУИ укинувањето се коси со Рамковнсиот договор и може да предизвика меѓуетнички тензии. „Вреди“ пак најавуваат ново законско решение за правична застапеност на заедниците при вработувањето кое ќе го замени балансерот. ВМРО ДПМНЕ се изјаснија дека се за укинување на балансерот бидејќи според нив долги години оваа алатка се злоупотребува и претставува параван за вработување на партиски кадри.

Реклама

Уставните судии одлучуваа по иницијатива која ја поднесе Антикорупциска во јануари оваа година. Тие се залагаа уставните судии да ја преиспитаат уставниоста и законитоста на  балансерот како единствен критериум за вработување во джавниот и јавниот сектор.