Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Aлармантно расте бројот пријавени случаи со смејно насилство во Mакедонија

Расте бројот на семејно насилство во државата. Според последните анализи на невладиното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на семејно насилство во државата. Според последните анализи на невладиното здружение ЕХО, само минатата година  288 жени пријавиле дека се жртви на физичко или психичко насилство, што за разлика од 2022 овој процент е зголемен за 176%..

„Со тенденција е оваа бројка да расте се повеќе, бидејќи забележавме дека се зголемува и економската зависност на жените, што допринесува тие да не пријавуваат или доколку пријават да се предомислат и подоцна да не бараат некој законски решенија или да не покренуват законски постапки“, изјави Бети Пеева од НВО-ЕХО, Штип.

Семејното насилство е директна последица на родовата нееднаквост и  затоа е потребно да се работи на подигање на свеста во јавноста. За жал се уште има стеротипи, а според професиите се делат на машки и женски. Ова е најизразено во науката и политиката. Само 2,5% од општините во државата, имат жена за градоначалник.

Реклама

„Тоа не значи дека жените не можат подеднакво со мажите. Треба низа на предуслови да бидат создадени за поддршка на жените, но и да се создадат квоти на различни нивоа. Само во Собранието имаме квота -40% и тоа е еден пример што укажува дека таму што имаме квоти, жените и те како можат да бидат успешни„ изјави Елизабета Бошковска, програмски директор на ХЕРА.

„Кај нас се гледа тоа и по присуството колку има во студиото за танци. Повеќе доаѓаат девојчиња отколку момчиња и овде се гледаа таа родова поделеност„ изјави Рисима Рисимкин, проф. на Катедрата за современ танц при УГД.

Според експертите во Македонија има легислатива за родова еднаквост и таа е многу унапредена за разлика од претходните години, но за жал тоа е само на хартија.  Денеска во Штип, преку перформанс, младите имаа можност да научат како да се зајакне родовата еднаквост.

Александра Ристевска