Реклама

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Македонија

Алармантни податоци – над 62% од жените во Македонија биле жртви на сајбер насилство

Секоја втора од три жени во Македонија се соочила со демнење ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја втора од три жени во Македонија се соочила со демнење , закани, навреди, но и физичко насилство што не става на четвртото место во регионот.

Сајбер насилството е најиразено. Според истражување на  ОБСЕ,  62,8 проценти  од жените кај нас барем еднаш се соочиле со онлан малтретирање, а во голем дел од случаите  биле објавувани и  експлицитни содржини. Состојбата е критична особено во средните училишта каде според истражувањата 78% од испитаниците биле жртви на онлајн насилство. Но не сите млади девојки се охрарабруваат да пријават воознемирување.  Министерката за образование Весна Јаневска посочува дека системот на воспитување и образование има воспоставено механизми за спречување и справување со насиство, вклучително и насилство врз девојчињата и девојки. Јаневска рече дека од почетокот на учебната година   до министерството се пристигнати 15 пријави за ваков тип на насилство, но нагласи дека преку алатката [email protected]  учениците можат да пријават било каков вид на насилство.

“Сите ученици и ученички да пријавуваат насилство во каква било форма. Пријавувањето може да го прават на електронската форма [email protected] директно до педагошката служба или во државниот просветен инспекторат. 15-тина такви пријави имаме од почетокот на учебната година и по сите е постапено соодветно” потенцираше Јаневска.

Реклама

Според Жаклина Пешевска претседателка на комисијата за еднакви можности вакавата состојба е резултат на спората имплементација на законите, но најави и низа на реформи кои ќе бидат разгледани од страна на комисијата со која преседава.

“Самостојно за прв пат ја иницираме јавната расправа, токму утре кога и започнува шеснаест дневниот активизам со цел да се поттикнат идни активности и препораки од коишто ќе произлезат од таа јавна расправа и нема да бидат само декларативни расправи, туку, ќе бидат конкретни чекори за институциите,, потенцираше Пешевска.

Претседателката на државава, Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека мора да се развиваат механизми за спречување на родово насилство со кои ќе се едуцира наелението уште од најамала возраст. Според неа проблемот не е само локален или регионалан, туку напротив тој е светски и ги засега сите жени кои барем еднаш се соочиле со физички или психичко родово базирано насилство.

“Не им треба ним само наша емпатија, потребни се конкретни услуги, засолниште, бесплатна правна помош, потребна им е социјално-психолошка помош, поддршка за повторно да си го изградат животот што без нивна волја бил урнат” нагласи Силјановска-Дафкова.

На настанот кој го организираше ОБСЕ беше потпишана декларација со 10 точки  која ќе започне да се имплементира  од 2025 година и треба да им помогне на жртвите од секаков вид насилство, но и да ги едуцира граѓаните.

Даниел Ѓорѓевски,