Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Алармантни бројки – пушењето започнува уште во основно училиште

Пушењето кај децата и младите во Македонија е сериозен јавно-здравствен проблем што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пушењето кај децата и младите во Македонија е сериозен јавно-здравствен проблем што почнува уште во основното образование. Наместо да бидат заштитени од законите, малолетниците лесно доаѓаат до цигари, а никотинот станува дел од нивното секојдневие, на возраст кога допрва се формираат навиките. Најновите истражувања покажуваат дека речиси три четвртини од младите пушачи започнуваат со оваа штетна навика пред да наполнат 13 години, додека продажбата на цигари на малолетници, во најголем дел поминува без никакви пречки. Податоците се алармантни и укажуваат на системски пропусти во превенцијата, контролата и заштитата на децата од тутунската зависност.

„Просечната возраст на започнување со пушење во Северна Македонија е 13,5 години, што значи дека пушењето почнува уште во основно училиште.

Според ESPAD 2024, 33% од учениците на возраст од 15 и 16 години барем еднаш пробале цигара, а 24% пушеле во последните 30 дена.

Реклама

Дури 74% од младите пушачи започнуваат со пушење пред 13 години, а над 80% од пушачите ја формираат навиката пред 25-годишна возраст.“- велат од Аналитика.

Тамара Мијовиќ Спасова, програмска директорка на тинк тенкот „Аналитика“ препорачува неколку клучни мерки кои, според меѓународни искуства и домашни анализи, даваат докажани резултати.

„Зголемување на акцизите на тутунските производи. Анализите на Аналитика покажуваат дека зголемување на цените за 10% ја намалува веројатноста младите да започнат со пушење за околу 3%. Повисоките цени имаат најголем ефект кај децата и младите и кај домаќинствата со низок доход.

Доследно и строго спроведување на законите што забрануваат продажба на тутунски производи на малолетници, како приоритет број еден во превенцијата.

Зајакнување и спроведување на забраните за пушење на јавни места.“- велат од Аналитика.

Изложеноста на никотин во детска возраст го зголемува ризикот од хронични заболувања и кардиоваскуларни проблеми. Од СЗО исто така предупредуваат дека овие ефекти не се ограничени само на активните пушачи, туку сериозно ги погодуваат и децата и младите кои се изложени на пасивно пушење во домовите и јавните простори.