Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Акупунктурата благотворна при лекувањето депресија

Акупунктурата, како илјадалетна практика на традиционалната кинеска медицина, се користи за ублажување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Акупунктурата, како илјадалетна практика на традиционалната кинеска медицина, се користи за ублажување на болката кај состојби како што се фибромијалгија и остеоартритис. Но, овој древен метод, исто така, покажува потенцијал во лекувањето на симптомите на депресија, иако механизмите на неговото дејство досега не се целосно разјаснети. Нова мета-анализа на скенирањата на мозокот на пациентите нуди прв конкретен увид во невролошките промени што ги промовира акупунктурата, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).

Научниците од кинескиот Универзитет во Пекинг во медицинското списание „Медисин“ (Medicine) објавија анализа на седум претходни клинички испитувања во коишто се вклучени вкупно 357 пациенти со големо депресивно растројство. Истражувачите ги споредија скенирањата на мозокот на луѓе третирани со акупунктура со оние кои примале антидепресиви или плацебо-терапија. Наодите говорат дека акупунктурата, се чини, ги менува невронските мрежи во специфични делови од мозокот. Според податоци од Светската здравствена организација, речиси шест од сто возрасни лица во светот страдаат од депресија. Се смета дека болеста, предизвикана од комплексна комбинација на генетски, еколошки и здравствени фактори, ја зголемува опасноста од други состојби, како што е деменцијата.

„Акупунктурата е ветувачка како дополнителна терапија за депресија, иако нејзините невробиолошки механизми сè уште не се целосно разјаснети. Нашите наоди укажуваат дека третманите со акупунктура предизвикуваат специфичен модел на невропластично ремоделирање. Тие се насочени кон клучните области вклучени во регулирањето на емоциите и системот на наградување, што е спротивно на ефектите од конвенционалните третмани врз хипокампусот и окципиталниот лобус“, се вели во научниот труд.

Реклама

Кај пациенти третирани со акупунктура, забележана е зголемена активност во десниот цингуларен кортекс, одговорен за контролата на емоциите, и десниот каудат, делот што го уредува „системот на награда“ во мозокот. Повеќе третмани беа поврзани со поизразени промени во левата амигдала – дел клучен за обработка на емоции. Од друга страна, кај пациенти кои земаат антидепресиви, забележана е зголемена активност во левиот хипокампус што ја регулира меморијата и стресот, и во десниот среден окципитален гирус, одговорен за визуелна обработка.

Се покажа дека акупунктурата е поефикасна во намалувањето на симптомите на депресија и анксиозност отколку антидепресивите сами по себе, иако е важно да се напомни дека повеќето испитаници во групата со акупунктура земале и лекови.

„Меѓуповрзаноста меѓу невропластичните промени во афективните раздвижувања и клиничкото подобрување посочува можен механизам со којшто акупунктурата ги ублажува клучните симптоми на депресија, како што се анхедонијата и емоционалната дисрегулација“, појаснуваат истражувачите.

Алтернатива за пациенти отпорни на лекови

Овие резултати укажуваат дека акупунктурата можеби може да дејствува на повеќе разни и различни невронски патишта од стандардните лекови. Ова е особено важно за големиот број пациенти со депресија кои не реагираат на конвенционалните лекови и за кои овој метод би можел да претставува алтернативен пристап.

„Овој модел говори дека акупунктурата може да понуди комплементарни механизми за пациенти кај кои хипокампусот не реагира на терапија, или пак, има дисфункција на системот за награда, што е чест фенотип кај депресијата отпорна на третман… Идната работа треба да ги поврзе молекуларните биомаркери со долгорочните методи на невровизуелизација за да се разјаснат системските механизми на акупунктура, во насока на подобрување на начините за персонализирана невромодулација кај депресија“, пишуваат научниците.

Тоа значи, потребни се понатамошни истражувања. Авторите на новиот научен труд истакнуваат дека ова се рани резултати. Идните истражувања ќе треба да вклучат поголеми и поразновидни групи испитаници и да ги следат ефектите на подолго време. Исто така, потребно е да се стандардизираат методите на акупунктура, кои се разликуваа во анализираните испитувања, и подетално да се проучат хемиските процеси зад овие промени.