Реклама
Прилози

Ако возите 56 км/ч во град или 108 км/ч на автопат ќе куртулите од казна, но ако пречекорите над тоа ви нема спас

Со секое зголемување на брзината на возење над дозволената, секое поминување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со секое зголемување на брзината на возење над дозволената, секое поминување на црвено светло, паркирање на тротоари, пешачки премини, или пак возење нерегистрирано возило, со камерите на Сејф Сити, казната е веќе евидентирана.

Најчест прекршок е возење побрзо од дозволеното во населени места каде што ограничувањето е 50 km/h. Ќе се толерира ако возите 56 km/h, но на 57-от километар веќе касната ќе ви биде 15 евра. Ако возачот вози од 60 до 80 km/h тогаш треба да плати казна во износ од 50 евра. А ако брзината со која што се движи надминува 80 тогаш освен паричната казна која чини 300 евра, возачот добива и забрана за управување на возилото од 3 до 12 месеци.

За сите ограничувања во населените места, каде е дозволено до 100 максимална брзина, толеранцијата е само 6 километри на час над дозволеното. Кога се работи за над 100 km/h, односно возење на автопат, нема да ве казнат ако возите 8 km/h над дозволеното. На пример ако ограничувањето е 130, казнети би биле од 139 km/h па нагоре.

Реклама

Но ако возачот вози 140 до 160km/h, тогаш треба да плати казна во износ од 20 евра. Ако возачот се движи со брзина 180km/h тогаш е должен да плати казна во износ од 50 евра. Но ако брзинометарот покаже над 180 km/h тогаш освен паричната казна од 300 евра, ќе има и забрана за возење од 3 до 12 месеци.

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот оценуваат дека токму вакви системи во европските земји ги дале најдобрите резултати.

Изминатиот тест период покажа дека „Скопје Сејф сити“ може да го смири сообраќајот. Статистиката покажува дека има намалување на сообраќајни прекршоци, дека луѓето се подисциплинирани. Изминатиот период излезе информација дека во Хелсинки, во главниот град на Финска, цела година немало сообраќајни незгоди. Но, никој не потенцираше дека во Хелсинки и другите градови во Европа пропишаната брзина е 30 километри на час. Тоа покажува дека брзината е една од главните причини за сообраќајните прекршоци и незгоди. И да повторам, треба да се отстранат причините, а не да се лекуваат последиците од сообраќајот.– вели Дејан Андоновиќ.

Строго се казнува и поминувањето на црвено светло. Овој прекршок чини 250 евра, а возачите остануваат без дозвола од 3 до 12 месеци, без разлика дали има сообраќајна незгода или не.

Со камерите нема да остане нерегистрирано и непрописното паркирање. Доколку возачот се паркира на пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари и автобуски постојки, ќе добие порака со казна кој се движи од  25 до 180 евра, во зависност од тежината на прекршокот.

Камерите ги фотографираат и табличките на автомобилот. Возачите кои управуваат автомобил без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблички ќе платат 500 евра, додека ако регистрацијата е истечена до 30 дена, казната е 100 евра.

Од Министерството за внатрешни работи најавија и олеснување за возачите кои ќе одлучат веднаш да ја платат казната. Ако плаќањето е во рок од осум дена, сумата се намалува за 50%.  Ако има и забрана за управување, се изрекува во половина од пропишаниот рок.

Возач кој ќе добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.

Град Скопје ќе има клучна улога во имплементацијата на Сејф Сити, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот. Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се договорија дека треба да се направи замена на застарениот концепт на зелен бран со т.н. смарт или паметен зелен бран што во реално време ќе го регулира сообраќајот и  ќе ги намали гужвите.