Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Акција „Премин“ – уапсени 15 царинарници и еден полицаец

Под кодното име „Премин“ полицијата растури организирана шема на 14 цариници, еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под кодното име „Премин“ полицијата растури организирана шема на 14 цариници, еден пензиониран царински службеник и еден полицаец.  Од сите претреси кои беа направени доцна синоќа во гевелиско-струмички регион, вкупно 26 и истрага која се водела претходно, кај осомничените се пројдени дури 50 илјади евра. Парите како мито си ги собирале дел по дел – односно за да ги заобиколат задолжителните царински процедури барале по 20, 50,70, 100 па дури 150 евра. Замишувале повеќе од година ипол што и како превезуваат возила кои ги користеле граничните премини кај струмичко Ново Село како и границата кај Дојран.

  • Од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера – 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат“ велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Откако ќе го примеле поткупот и си го делеле меѓу себе, осомничените не ја вршеле работата за која се платени од државни пари и не правеле пресметка и наплата на давачките за увоз. Така, увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист во замена на штета на државната каса.

  • Јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема шестмина осомничени, додека за останатите десет осомничени лица предложи мерки на претпазливост – обврска за повремено јавување на определено службено лице, привремено да им бидат одземени патните исправи за преминување на државна граница и забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело“ велат од ОЈО ГОКК.

Според обвинителството, 14 од осомничените биле вклучени во делењето на парите кои ги зимале како мито, а двајца ја злоупотребиле и службената положба.

Реклама

Примањето поткуп ќе ги чини затворска казна од четири до десет години затвор, која е придведна во КЗ, а злоупотреба на службената положба затворска казна од  од шест месеци до три години.

Според информациите од МВР, акцијата има за цел да ги расплете нишките на сериозен криминален кој веќе подолго време е под жлупа на правосудните органи.