Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Македонија

Акција на МВР: Приведен Бујар Дарлишта и уште десетина лица за економски криминал

Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица меѓу кои и Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење матични книги, кадар на ДУИ. 

Информацијата во изјава за медиумите ја потври министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР – донација на ОКТА.

Претходно, од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал соопштија дека ноќеска била спроведена акција на повеќе локации во Скопје и Куманово.

Реклама

-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа,  се наведува во соопштението.

Повеќе детали најавуваат дека ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.