Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Акција за отстранување на хаварисини и нерегистрирани возила од јавните површини во Штип

Општина Штип почнува со отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од паркинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип почнува со отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од паркинг површините во централното градско подрачје. Акцијата се спроведува, бидејќи во изминатиот период на територијата на општината се забележува зголемен број на прекршоци од областа, кои што се регулирани согласно одлуката за комунален ред на општина Штип.

Лазар Хаџи-Николов и Борче Везенков од Одделението за комунални дејности во општина Штип на денешната прес-конференција истакнаа дека се забележува прекршување на членот 101, согласно кој што се забранува на јавни паркиралишта и на јавни површини да се паркираат и оставаат возила кои што се оштетени, хаварисани, исто така возила кои што се без регистрациски таблички или пак возила на кои што регистрацијата им е измината, односно не се регистрирани. 

-На овие површини исто така е забрането да се оставаат и паркираат земјоделска механизација и приклучна механизација, како и камп приколки и приколки.​ Како што напоменав, изминатиот период на повеќе места се детектира сторување на овој вид на прекршок, па заради тоа, како една од функциите на инспекцијата е превентивно, односно да ја информираме јавноста преку медиумите дека во наредниот период ќе се преземат инспекциски надзори, согласно кои што ќе се контролира точно, односно прекршувањето на овие одредби коишто се предвидени согласно Одлуката за комунален ред на Општина Штип- вели Хаџи Николов.

Реклама

Сопствениците ако во рок од осум дена не ги отстранат своите возила им следува и парична глоба од 3.000 денари. Борче Везенков комунален инспектор во општина Штип додава дека од почетокот на годината до денеска имаат евидентирано околу 80 возила на кои што претходно се оставени опомени.

-По, одлуката за комунален ред возилата се дислоцираат во Новакова Чешма, во магацините на ЈП „Стипион“ и потоа доколку прекршителите, односно сопствениците на возилата, на тие хаварисани возила сакаат да ги подигнат, потребно е да уплатат финансиски средства од 3.000 денари за да си го подигнат истото возило назад- рече Везенков.

​Тој упати апел до сите граѓани, доколку нивните возила не се во возна состојба, односно не се регистрирани, да не ги оставаат на бележаните јавни површини во централното градско подрачје и исто така и пред колективните станбени објекти.