Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

АХВ уништила 50 тони небезбедна храна во првата половбина од годинава

Агенцијата за храна и ветеринаство ги засилува акциите,се спроведуваат вонредни инспекциски надзори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринаство ги засилува акциите,се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во угостителски објекти, сендвичарници, кебапчилници,слаткарници низ цела Македонија. Податоците поразителни,само во првите 6 месеци од годинава уништени биле вкупно 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна-четвртина од таа храна, односно околу 9 тони биле уништени во текот на летната сезона во Охрид, Струга, Преспа и Дојран.

  • “Стануваше збор за недекларирана храна,немање на санитарно инспекциски документи,немаше никаков увоз ,не беа операторите регистрирани како оператори за храна”-вели Оливер Миланов,директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Покрај изречените прекршочни и кривични пријави,сред лето четири објекти во Струга биле затворени.И не само таму,поради труење со храна Агенцијата ставила клуч на врата на сендвичара и ресторант во Скопје.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство и деновиве извршиле вонреден инспекциски надзор во Охрид,Струга и Кичево.

Реклама
  • Агенција за храна и ветеринаство: “Поради пласирање небезбедна храна на ресторан во Кичево изречена му е времена забрана за вршење на дејност.Уништени се 187 килограми небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло, а изречена е и парична казна од 1400 евра. Во Струга, маркет е казнет со 1400 евра поради пласирање на небезбедни производи со поминат рок,без декларации и несоодветно означување на производите. Во истиот град, казнета е месарница со 500 евра  поради пласирање на небезбедни производи на пазарот.Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло.”

Надлежните уверуваат дека македонските граѓани јадат здрава храна и покрај тоа што често се повлекуваат одредени производи од пазарот. Поради присуство на надворешно тело,деновиве се повлекоа српски бисквити,претходно од продажба беа повлекувани разни млечни производи и други намирници како чипсови.

  • “ Се она што ќе се најде кое не е по пропис и по правилник, соодветно се третира, за да не дојде до трпезата и до менито на граѓаните да претставува здравствен проблем“-вели проф.Игор Џаџовски,Ветеринарен факултет.

Згора на се’ при контролите кај некои од објектите утврдени биле незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство, непоседување на санитарни книшки за вработените и други недоследности.

Росица Голабоска