Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот казнет 550 евра

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра.

-Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, официјален ветеринар на АХВ  вчера спроведе вонредна инспекциска контрола.  Контролата е спроведена по обезбедена потврда од Министерството за внатрешни работи (МВР) за идентитетот на лицето и регистарските таблички на возилото со кое биле превезувани мачињата.  За прекршок по член 26 од Законот за заштита и благосостојба на животните и член 59 од Законот за ветеринарно здравство, на сторителот му е изречена глоба од 550 евра во денарска противвредност, информира АХВ.

Не стивнуваат реакциите на сoцијалните мрежи, особено на членовите на фејсбук групите за домашни миленици, кои ja поздравуваат реакцијата на АХВ и изречената казна за напуштените мачиња.

Реклама

-Огромна благодарност до Агенција за храна и ветеринарство во името на сите нас кои се бориме за правата на животните, особено мачките. Направивте огромна промена со овој случај кој, се надевам, ќе служи за пример. Вакви случки како оваа кај нас се секојдневие. За која било институција да постапи, потребна е пријава. Затоа, пријавувајте во МВР и АХВ, зборувајте во име на тие што не можат да зборуваат за себе, е само еден од коментарите.

Во друг коментар се посочува дека 550 евра парична казна за напуштање мали мачиња е добар почеток за да се изгради систем во кој мачките и кучињата ќе бидат препознаени како живи суштества кои имаат свои права.

-Затоа, не вртете глава. Ако знаете дека некој намерно остава (фрла) мачиња или кучиња – пријавете. Ако сте виделе, ако имате снимка, фотографија или друг доказ, пријавете во АХВ. Не е „туѓа работа“. Ако сте хуман очевидец, не молчете, се додава во коменатрот.

Напуштањето животни може да се пријави на бесплатната телефонска линија 0800 3 2222 – 24/7 или на [email protected].